• сабота, 11 мај 2024
МИА Најави МКД

13 декември 2023

 

Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 136-та седница. (Сала „Македонија“/11:00)

Скопје - Седница на Законодавно правна комисија. (Сала 4/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје - Комисијата за финансирање и буџет ќе ги одржи 77-та и 73-та седница. (Сала „Борис Трајковски“/10:30/12:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со директорката на ДЦАФ, амбасадорката Натали Чуард. (Стар кабинет/10:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со финскиот амбасадор, Н.Е. Никлас Линдквист. (Стар кабинет/11:00)

Скопје - Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со латвиската амбасадорка, Н.Е. Елита Кузма. (Стар кабинет/12:00)

Скопје - Раководството на Собранието предводено од претседателот Талат Џафери свечено ќе го отвори Собраниското ТВ студио, во рамки на Собранискиот канал. (Собрание на РСМ/13:45, сниматели и фоторепортери)

Скопје - Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и евроамбасадорот Дејвид Гир ќе присуствуваат на пленарната конференција на тема „Национална конвенција за Европската Унија: Темелни општествени вредности за европската иднина“, во организација на Европското движење во РСМ. (х.„Александар Палас“/9:30)

Скопје - Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска и генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт ќе потпишат договор за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Северна Македонија. (Национална опера и балет, фоаје/11:30)

Скопје - Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе се обрати на официјалното затворање на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“. (х.„Мериот“/10:00)

Битола - Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ќе врачи донација – хуманитарен прилог кој вработените во УЈП традиционално секоја година во рамки на Програмата за одбележување на „Св Матеј” -  Денот на даночните работници донираат парични средства. (простории на ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца – Битола/ 11:00)

Скопје - Јавна дебата за Нацрт-закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи во организација на Министерството за правда. (Клуб на пратеници/12:00)

Скопје - Конференција „Жени претприемачки“ и прогласување на победничките во изборот „Жена на годината 2023“. (Музеј на македонската борба)

Тетово - Советниците на Демократската Унија за Интеграција во Општина Тетово ќе одржат прес-конференција. (Пред објектот на Општина Тетово/10:00) 

Скопје - Европскиот Сојуз за Промени ќе одржи прес-конференција. (пред Министерството за образование и наука/ 13:00 часот)

Скопје - Коалиција „Сите за правично судење“ организира завршна конференција за презентација на годишните мониторинг извештаи за 2023 година. (х.„Солун“/11:00, изјави за медиумите/10:45) 

Скопје - Конференција на Центарот за истражување на предисторијата насловена „Предисторија на Балканот“. 

Скопје - Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа на град Скопје во соработка со општините организира отворени денови со граѓаните на град Скопје и приградските општини на Скопје. (Општина Шуто Оризари, сала на Советот на општината/10:00)

Скопје - Прес-конференција на Форумот за образовни промени. (Пред Министерството за образование и наука/11:00)

Тетово - Општина Тетово ќе го промовира проектот за заштитниот ѕид долж патот кон рекреативното место на Бањиче. (11:00)

Битола - Промоција на каталогот „Градски костими“ од колекцијата на НУ Завод и музеј Битола на авторот Наде Геневска Брачиќ. (НУ Завод и музеј Битола, мала сала/13:00)

Скопје - Прво издание на книжевните читања „Клинци“ во организација на неформалната младинска организација за култура „Култура бета“. (Europe House Skopje/20:00)

Скопје - Изложба на слики од Павле Кузманоски. (Спроти катната гаража Беко/12:00)

Скопје - Отворање групна изложба насловена „На изворот на Климент и Наум“ од колекцијата на Климе Коробар. (Културно-информативен центар, продажен ликовен салон/20:00)

 

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан