8 мај 2025
Рим - Официјална посета на претседателот на Собранието, Африм Гаши, на Италијанската Република.
Скопје - Заменик на генералниот секретар на Собранието, Никола Ѓошевски, ќе одржи средба со амбасадорката Терхи Хакала, специјален пратеник на финското Претседателство со ОБСЕ. (Сала на Влада/9:00)
Скопје - Седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. (Сала „Борис Трајковски“/11:00)
Варшава - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски ќе учествува на неформален работен ручек во т.н. GYMNICH формат – состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство.
Скопје - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува и ќе се обрати на отворањето на 37. издание на Саемот на книга, под мотото „Храна за душа“. (Арена „Борис Трајковски“/12:00)
Скопје - 5. издание на Форумот на добри компании 2025. (х.„Холидеј Ин“/9:30, изјави за медиумите/9:45)
Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ќе ја отвори новата детска градинка „Пролет“. (нас. Пролет, ул. „Мирче Ацев“ бр. 102/10:30, предвидени се изјави за медиуми)
Тетово - Општина Тетово организира Отворен ден во соработка со средните училишта од градот на кој ќе присуствува и градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами. (Плоштад „Илирија“10:00, изјава за медиумите/11:00)
Скопје - „Македонија 2025“ организира брифинг со главната извршна директорка на организацијата Никица Мојсоска Блажевски. (Ресторан „Пелистер“/10:30)
Скопје - Комората на трговци, поединци овластени геодети и трговски друштва за геодетски работи ќе одржи Редовното годишно собрание (Стопанска комора, сала 4 на 5-ти кат, изјави за медиумите 12:30)
Скопје - Занаетчиска комора организира промоција на тренинг центар наменет за едукација за занаетчиите. (Простории на месна заедница, општина Гази Баба/13:00)
Скопје - Прес-конференција на која ќе биде објавена “А1 Школа за одговорни инфлуенсери”, дел од платформата #ПодобарОнлајн. (Three Kitchen & Bar/12:00)
Скопје - Прво издание на Скопје Фуд Парк - урбано гастрономско катче на отворено што обединува улична храна, пијалоци, музика и забава за сите генерации. (Парк на Франкофонијата во Општина Центар)
Скопје - „Што ни значи нам јазикот?“ - претставување на новите членови на Друштво на писателите на Македонија, по повод јубилејот „Осум децении од кодификацијата на стандардниот македонски јазик“. (ДПМ/12:00)
Скопје - Промоција на две нови книги на Ѓоре Ѓелев „Човекот без сенка“ (раскази) и „Љубовен бележник“ (поезија). (СЦ „Борис Трајковски/18:00)
Солун - Промоција на новата, грчака објава на романот „Столб што пее“ од Томислав Османли. (Сала „Теодоракис“, штанд 13, дел од Солунското сајмиште/15:00)
Скопје - Отворање на изложбата „Предизвик: Иновацијата на италијанскиот дизајн во спортот“ (LA SFIDA: L’Innovazione del design italiano nello sport). (Национална Галерија Мала Станица/12:00)
Скопје - Отворање на изложбата КАЛЕИДОСКОП на современата уметност. (Галерија Остен/19:00)
Битола - Виолин Фест 2025 - јавен час и презентација на фестивалот. (Музичко училиште/12:00)
Битола - Промоција на документарниот филм „Слободата заборавена меѓу регистрите“. (Кино Манаки/12:30)
Скопје - Премиера на претставата „Жива досада“, авторски проект на актерките Билјана Јовановска, Изабела Јакимова и Нина Деан. (Македонскиот народен театар/18:00)
Скопје - Концерт насловен „Дамар на слободата“ со пијанистите Анастасија Грговска и Шкељзен Бафтијари. (Филхармонија/20:00)
Скопје - Концертна промоција на најновиот албум „Let Us Be“ на македонски гитарист и автор Владимир Четкар. (Јавна соба/21:00)
_______________________________________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***