• понеделник, 25 ноември 2024
МИА Најави МКД

29 септември 2024 

Скопје - Прес-конференција на министерот за култура и туризам Зоран Љутков за објавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година. (Медија-центар на Владата /11:00

Скопје -  Настан „100 дена“ во организација на коалицијата ВЛЕН. (Филхармонија / 12:45/ Пред почетокот на настанот изјава на лидерите на коалицијата ВЛЕН) 

Скопје - Деветти хуманитарен хепенинг за поддршка на лицата заболени од ретката болест Вилсон, под слоганот „Подај рака“. (Летна сцена „Лепеза“ во Градскиот парк / 10:30)

Скопје - Сесија насловена „Beyond the Horizon: Joint Foresight Exercise“ во пресрет на утрешниот Министерски состанок за Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт. (х. „Хилтон“ / 18:00

Скопје - Прво одбележување на „Денот на италијанскиот спорт во светот“, нов настан промовиран од Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, во соработка со италијанското Министерство за спорт и италијанскиот Национален олимписки комитет - CONI. (Воен стадион во Градскиот парк / 11:00)

Прага - Интернационална премиера на долгометражниот документарен филм „Време на бетон" во режија на Игор Иванов на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. (Национална галерија / 14:30)  

Велес - „Арт генератор“ го организира третиот Фестивал на џез, ворлд и современа музика основан и финансиран од Општина Велес.

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Остани поврзан