• вторник, 16 април 2024
МИА Најави МКД

МИА Најави МКД

1 април 2023

Штип - Натпревар FIRST LEGO лига во организација на „Академија за роботика и иновации“ и Универзитетот Гоце Делчев - Штип преку Факултет за информатика. (УГД, Кампус 2/ 10:00)

Скопје – Сопственикот на „Феро инвест“ и на „Брако“, Кочо Анѓушев ќе даде изјава за медиумите на тема „Возило на БРАКО - единствен македонски производ сертифициран за меѓународен квалитет во лабораторијата на TUV во Германија“. (во управната зграда на „Феро инвест“, бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 30/ 10:30)

Скопје – Изведби на детската балетска претстава „Петар Пан“. (Национална опера и балет/ 11:00  и 13:00)

Скопје – Параден концерт на Градскиот дувачки оркестар за Денот на шегата. (Градски парк/ 12:00)

Скопје – Голема првоаприлска забава со „Светот на Биби“. (во холот на Веро центар/ 12:00)

Скопје – Тапани за Дино – целодневен хуманитарен настан. (Бруталиск/ 11:00 – 21:00)

Тетово – Второ издание на проектот „Добри гости“  - серија  книжевни гостувања низ Македонија. („Инфинити – кичен бар“/ 18:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан