10 јули 2025
Скопје - Седница бр. 59 на Собранието на Република Северна Македонија (Сала „Македонија“ / 11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт (Сала 6 / 10:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање (Сала 5 / 10:30)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за здравство (Сала 10 / 11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика (Сала 4 / 11:00)
Скопје - Седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. (Сала 4/12:00)
Скопје - Средба на собраниската Комисија за одбрана и безбедност со Националниот демократски институт - НДИ (Сала 4 / 12:30)
Скопје - Седници на собраниската Комисија за финансирање и буџет (Сала 6 / 13:00 и 15:15)
Скопје - Посета на кинескиот в.д. амбасадор Шу Леи (Кабинет на потпретседателката на Собранието Весна Бендевска / 14:30)
Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе се обрати на настан по повод 80-годишнината од формирањето на Црвен крст на Република Северна Македонија. (Простории на Црвен крст / 12:00; Изјава на Мицкоски по настанот)
Скопје - Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА организира панел-дискусија „Искористување на демографскиот потенцијал преку родово одговорни семејни политики", со воведни обраќања на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и претставници на Австриската амбасада во Скопје и на УНФПА. (Клуб на пратеници/11:00)
Охрид - Амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија,Михалис Рокас, ќе ја посети општина Охрид и ќе има средба со градоначалникот Кирил Пецаков и членовите на Општинскиот совет. (Изјави на градоначалникот Пецаков и амбасадорот Рокас во општинската зграда на Охрид / 10:30)
Скопје - Прес-конференција на претседателот на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски. (Седиште на ЗНАМ, бул. „Климент Охридски“ бр. 66 / 9:30)
Тетово - Потпишување Меморандум за соработка помеѓу Општина Тетово и ЈУ Национален парк Шар Планина и изјави на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, и в.д. директорот на ЈУ Национален парк Шар Планина, Евзал Елмази, по потпишување на меморандумот. (Простории на Општина Тетово / 11:30)
Штип - Прес-конференција на Универзитетот „Гоце Делчев“ по повод претстојните уписи на нови студенти. (Ректорат на УГД, сенат сала/10:30)
Скопје - Сојузот на средношколци на Северна Македонија ќе одржи 25. Генерално собрание и 4. Конгрес на кои ќе се избира нов претседател на Сојузот. (Собрание на Република Северна Македонија/11:00, изјави за медиумите пријавница на Собранието/ 14:30)
Скопје - Прес-конференција на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“. (Дајмонд мол, „Литература“/11:00)
Софија - Промоција на бугарското издание на романот „Тегли“ од Јордан Коцевски. (Македонски културно-информативен центар / 18:30)
Скопје - Промоција на книгата „Од личност до маска - за новата нормалност“ на Влатко Деловски и настап на „Второ колено“. (Кафе книжарница ИЛИ-ИЛИ/19:00)
Скопје - Концерт на Алтус НЗ Ансамблот во рамки на фестивалот Скопско лето. (Салон 19'19 /19:19)
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***