• вторник, 18 јуни 2024
МИА Најави МКД

11 јуни 2024

Берлин - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференцијата за обнова на Украина во Берлин.

Скопје - Седмо издание на Македонскиот Енергетски Форум 2024 (MEF24). (х.„Хилтон“/9:00, изјави за медиумите/9:25, пристигнување на медиумите/8:30)

Скопје - Конференција „Чувари на мудроста“ Back2Back инспирација за кариерен развој во организација на Халкбанк АД Скопје. (МКЦ/10:00, изјави за медиумите/12:30)

Скопје - Здружението на новинари на Македонија во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе додели новинарски награди на тема „Креативност и новинарска етика“. (Едукативен културен центар „Лабораториум“/12:00)

Скопје - Промоција на публикацијата со анализи на тема „Етничка поларизација во медиумите и јавната комуникација за време на изборните процеси“, во организација на Институтот за медиуми и аналитика ИМА. (Europe House,поранешен ЕУ Инфо центар/12:00)

Скопје - Панел дискусија „Ни ‘ваши’, ни ‘наши’ - Реформа за поддршка на стручните лекари“ во рамки на пошироката иницијатива на Граѓанската сила „Замисли“ за системски промени во здравството во организација на Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“. (Europe House/17:00)

Скопје - Промоција на публикацијата „Модули за мировно образование во средното образование” во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши. (х.„Континентал“/10:30)

Битола - Изведба на претставата „Бардо Тодор во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. (Во паркот кај саатот/19:00)

Скопје - Концерт на Танец, во чест на 100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски. (МНТ/20:00)

_________________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан