• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МИА Најави МКД

15  април 2025

Скопје -  Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги одржи 25-тата и 26-тата седница. (Сала „Борис Трајковски“/13:30/13:40)

Скопје - Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање ќе оствари надзорна посета во просториите на Агенцијата за национална безбедност. (10:00)

Скопје - Работна средба на претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, со Филип Маршето, прв советник на Амбасадата на Франција и Ирен Кетоф, аташе за соработка во Амбасадата на Франција. (Канцеларија 265/11:00)

Абу Даби - Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во посета на Обединетите арапски емирати

Скопје - Министерот за здравство  Арбен Таравари ќе се обрати на втората Ренална експертска академија, во организација на Министерството за здравство и Амбасадата на Шведска. (х. Лимак / 9:00)

Босилово - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ќе го посети откупниот пункт на МН Компани во село Моноспитово во општина Босилово, а по посетата  предвидена е изјава за медиуми. (11:00

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 17-та седница. 

https://zoom.us/j/97603331806?pwd=7zYKXbG8yzNix2kKYpekiX00f9MB0c.1/11:00)

Скопје - Народниот правобранител Насер Зибери ќе одржи прес-конференција на која ќе биде презентиран Годишниот Извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2024 година. (Простории на Народниот правобранител. ул. „Македонија“ бр 12/зграда на ТД „Макошпед“/11:00)

Скопје - Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ќе одржи панел дискусија насловена „Борба против корупцијата: Иновации против нелегалната моќ“. (х.„Александар Палас/9:30)

Скопје - Завршна конференција на Регионален проект „Зајакнување на одговорноста и родово чувствителни одговори на локалните власти на кризи во 3 земји“. (Млади Хаб/11:00)

Штип - УГД организира Отворен Отворен ден за средношколци и Ден на кариера за студенти. (Пред ректоратот на УГД/11:00)

Битола - Јавна расправа „Изградба на Регионален центар за управување со отпад – Новаци“. (Општина Новаци/11:00)

Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (Во близина на Судскиот совет односно пред Халк Банка која се наоѓа на десната страна од главниот влез на Собранието/11:00)

Велес - Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ и Граѓанската сила „Замисли“ ќе одржат отворена дебата „Кажи си ја маката“. (Еurope house/18:30)

Битола - Прес-конференција за премиера на тетарската претстава „Црно семе“. (Народен театар-Битола/10:00)

Скопје - Центарски улици 3 - Светски ден на уметноста. (ул.„Македонија“/17:00)

Софија - Книжевен портрет на Јордан Плевнеш. (Македонски културно-информативен центар, ул.Обориште“ 7/18:30) 

Истанбул - Отворање на изложбата „Гумено време“ на Ана Ивановска. (Галерија на КИЦ Истанбул/19:00)

Скопје - Премиера на анимираниот филм Бунтовната Принцеза (Rebelious). (Cineplexx/12:00)

Скопје - Хуманитарен концерт - пееме за Кочани на Тамара Тодевска. (МКЦ/20:00)

 

________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан