• четврток, 19 декември 2024
МИА Најави МКД

12 април 2023

Скопје – Претседателот Стево Пендаровски ќе се сретне со Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент. (Кабинет на претседателот/ 10:15, сниматели и фоторепортери/ 9:45)

Скопје – Седници на собраниската Комисија за економски прашања. (Сала 6/ 12:00 и 14:00)

Кочани – Премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски ќе ја посетат компанијата „Левидиагро Дооел“ во Кочани по што ќе дадат изјави за медиумите. (локација: Индустриска 1, https://www.google.com/maps/place/41%C2%B054'40.6%22N+22%C2%B025'14.1%22E/@41.9112778,22.4205833,17z/data=!3m1!4b1!4m4!3m3!8m2!3d41.9112778!4d22.4205833?hl=en   /11:00)

Скопје – Центарот за управување со промени организира настан за отпочнување на проектот „Преосмислување на управувањето“ на кој ќе се обратат вицепремиерката Славица Грковска, генералниот секретар на Владата, Методија Димовски, амбасадорот на Обединетото Кралство во земјава, Метју Лосон и Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени. (х. „Хилтон“/ 12:00)

Скопје – Настан за промоција на спортски саем, под мотото „Спорт за сите”, инициран од вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење Славица Грковска. (СЦ „Борис Трајковски“/ 10:00)

Прилеп – Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески ќе извршат увид на објектот на градинката во Општина Прилеп во населбата Точила. (ул. „Димче Антулески“/ 12:30, по увидот предвидени се изјави за медиумите)

Скопје – Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 85-та седница. (на платформата ZOOM, https://us06web.zoom.us/j/87874735419?pwd=bWpqemNHdFNGaUFwT2lnMUVjMUpudz09  / 10:00)

Подгорица – Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски ќе се обрати на меѓународната конференција „Предизвиците на безбедноста и сигурноста на храната во југоисточна Европа“.

Струмица – Регионален настан во Општина Струмица во организација на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. ( во салата на Советот во Дом на АРМ/ 11:00)

Скопје – По повод 75-годишниот јубилеј од формирањето на Медицинскиот факултет во Скопје ќе биде промовирана монографијата со наслов „Македонски доајени кои биле избрани во доценти на Медицинскиот факултет во Скопје од 1955-60 г.“. (во Деканатот на Медицинскиот факултет/ 11:00)

Скопје – Промоција на студиска програма за Младинска работа. (Филозофски факултет, Амфитеатар 4/ 13:00 – 14:00, изјави за медиумите во салата за состаноци/ 12:40)

Скопје – Тимот на Сојуз – Национален Совет за Родова Рамноправност отвора Советувалиште за жртви на семејно насилство. (во просториите на НСРР, ул. „11 Октомври“, бр. 17, зграда на СПМ/ 11:00)

Скопје – По повод Денот на космонаутиката, Амбасадата на Руската Федерација ќе одржи церемонија на положување свежо цвеќе (венци) кон споменикот на Јуриј Гагарин. (спроти зградата на Министерството за економија, ул. „Јуриј Гагарин“/ 10:00)

Скопје – Прес-конференција по повод случувањата поврзани со новоформираниот Џез оркестар и одлуката на Министерството за култура, тој просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. (Филхармонија на РСМ, голема сала/ 11:00)

Скопје – Свечено отворање на изложбата „Расна дијагноза: Циган“ - нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање. (Музеј на Македонија/ 11:30 – 13:30)

Скопје – Изложба: „Добредојдовте во Скопје“ – 150 години железници во Македонија (1873-2023). (Музеј на град Скопје/ 19:30)

Скопје – Меѓународна изложба „Екологија на идеи“ (Ecology of Ideas). (Мултимедијален центар „Мала станица“ Национална галерија/ 20:00)

Охрид – Велигденски концерт на Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска“. (во црквата „Света Софија“/ 20:00)

___________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан