• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД

10 октомври 2024

Скопје – Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе се обрати на официјалниот почеток на Волонтерската програма на Собранието на Република Северна Македонија. (сала „Борис Трајковски“/ 10:00)

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши со претседателот на Меѓународниот одбор на ревизори за НАТО, Радек Висингер. (Стар кабинет/ 10:30)

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши со шпанскиот амбасадор, Рафаел Сориано Ортис. (Стар кабинет/ 11:30)

Скопје – Средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши со катарскиот амбасадор, Шеик Јасим Бин Хамад Ал-Тани. (Стар кабинет/ 13:30)

Скопје – Средба на координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски со албанскиот амбасадор, Денион Меидани. (Канцеларија 222/ 9:30)

Куманово - Средба на министрите за внатрешни работи на Северна Македонија Панче Тошковски и на Србија Ивица Дачиќ. 

Скопје - Прес-конференција на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска по повод 100 дена Влада. (Медија центар на Владата/10:30)

Скопје – Прес-конференција на министерот за јавна администрација, Горан Минчев по повод 100 дена Влада. (Медија центар на Владата/ 11:30)

Отешево – Министерот за локална самоуправа, Златко Перински ќе присуствува на презентација на резултатите на инфраструктурната поддршка за подобрување на здравствените услуги во Отешево. (ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на респираторни заболувања во Отешево/ 12:00, по што ќе следат изјави за медиумите)

Скопје – Министерот за здравство, Арбен Таравари ќе присуствува на одбележување на Светскиот ден на менталното здравје во организација на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија – Скопје. (Плоштад „Македонија“/ 10:00)

Скопје – Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ организира Брифинг појадок и презентација на последниот Индекс на отворени општини за 2023 година. (во просториите на Јавна соба/ 10:00)

Скопје – Стопанската комора организира тркалезна маса на тема: „Дефинирање на улогата на Здруженијата во рамките на Стопанската комора во креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот“. (Простории на Стопанската комора, сала 1, кат 5/ 11:00/Изјави за медиумите 10:50)

Скопје – Работна средба со тимот на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, насловена „Појадок со новинари“. (х. „Мериот“/ 9:30)

Скопје – Промоција на Прирачник за уредувачки насоки и најдобри практики, издание на Советот за етика во медиумите на Македонија. („Лабораториум“/ 11:00)

Скопје – Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Оцука ќе се обрати на публиката за гагаку  концертот кој ќе се одржи за прв пат во земјава по повод јубилејот од 30 години дипломатски односи помеѓу Јапонија и Северна Македонија.

- пред концертот ќе се одржи работилница. (на Факултетот за музичка уметност/ 10:30 – 12:00)

- гагаку концерт. (Даут-пашин амам/ 18:50)

Скопје - Прес-конференција на група граѓански активисти кои поднесуваат Барање за гарантирање еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045. (пред Министерството за енергетика, рударство и минерални сурови, ул. „Македонија“ бб/ 11:30)

Битола – Денови на македонското пчеларство. (Плоштад „Магнолија“/ 12:00)

Прилеп – Почнува 14. издание на националната поетска манифестација „Поетски слем Македонија“ со изложба на мултимедијалниот уметник Владимир Лукаш, насловена „Hello Deadline, my old friend I’ve come to talk with you again“. (НУЦК „Марко Цепенков“/ 18:30)

Истанбул – По повод државниот празник „11 Октомври“ – Денот на македонското востание, женскиот хор „Менада“ од Тетово ќе настапи во ерменската катедрала „Сурп Асдваѕаѕин“ во Бејоглу, Истанбул, како дел од годишната програма на Македонскиот културен центар, во соработка со Асоцијацијата на Истанбулската филхармонија. (19:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан