• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД

27 мај 2025 

Скопје - Собранието ќе одржи продолженија на 49. 22. и 41. седница. ( Сала „Македонија“/11.00, 11:10, 11:20) 

Скопје -  Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала 6/10.00

Скопје - Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 4/10:00

Скопје  - Седница на Совет на Собранискиот канал. ( Сала 4/14:00) 

Скопје -  Претставници на Фондацијата Конрад Аденауер во посета на Собранието (Сала на Уставна комисија/15:45) 

Скопје -  Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ќе пристигнат пред платото на Владата со првото електрично возило на Avant2Go Car-Sharing – Македонија, симболично означувајќи го стартот на оваа иновативна услуга за мобилност по потреба, по што се предвидени изјави за медиуми. (пред плато на Владата/11:30). Официјалното претставување на системот Avant2Go Car-Sharing. (ресторан Парк/13.00)

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на свечена академија по повод 60 години од формирањето на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. (Македонска филхармонија, мала сала/19:30) 

Скопје - Македонско-Американската Алумни Асоцијација,  со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, организира Балкански Самит на Алумни „Securing Regional Prosperity through NextGen Leadership“. (х. „Мериот“, Скопје, отворање на настанот 09:30, изјава за медиуми пред почетокот на настанот)

Велес - Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Михалис Рокас во посета на Општина Велес и на средба со градоначалникот Марко Колев (изјави за медиуми во општинска сала во Велес/12:00

Тетово  - Промоција на дел од реконструираните објекти на Центарот за стручно образование и обука „Моша Пијаде“, реализирана со поддршка од Европската Унија. (Центар „Моша Пијаде“ – Тетово/11:00).

Скопје - Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, организира бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции (СПИ). (Младински центар „Сакам да знам“ на Водно/15.00 - 18.00

Скопје - Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје и Издавачката куќа „Бата прес“, по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик ќе промовираат дела од истакнати македонски лингвисти - Правописно нормативен речник на македонскиот стандарден јазикм (том I), Јазично огледало.I и Лексиката на македонските автори. (Амфитеатар на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/11:00)

Штип - Промоција на букварот „Аз и бука од планетата азбука“ од проф. д-р Ана Витанова Рингачева и советување на тема „Учебниците чувари на македонското јазично – книжевно творештво“. (Мултимедијален центар на Универзитет „Гоце Делчев“/13.30)

Битола - Свечено отворање на 50-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“  (Центар за култура /12:00)

Скопје - Изведба на оперското ремек-дело „Турандот“ од Џакомо Пучини на 53. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. (Национална опера и балет/20:00) 

Куманово - Отворање на изложбата „Мајски салон 2025”, која е и традиционална клубска изложба на ФКК “Козјак. (Занаетчиски Дом – Куманово/19:30) 

Скопје - Фестивал на детската креативност „Трамболини“. ( ЈУ Детски културен центар „Карпош“)

Скопје -  Промоција на збирката раскази „Каде леташ, Јулија?“ од Хана Корнети, објавена во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. (кафе-книжарница Буква/20.00

_____________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан