• понеделник, 23 декември 2024
МИА Најави МКД

16 август 2024 

Скопје - Делегации од Министерството за одбрана и Генералштабот, кабинетот на Претседателката, Собранието, Владата, Сојузот на здруженија на борците од НОБ, Организација на резервни воени старешини, градот Скопје по повод одбележувањето на 18 Август - Денот на Армијата ќе положат венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров  и на гробот на генерал Михаило Апостолски. (Градски гробишта во Бутел/8:00)

- Делегации од министерството за одбрана и генералштабот и здружението на семејствата на загинатите бранители ќе положат свежо цвеќе и пред спомен обележјето на загинатите бранители пред Министерството за одбрана, а во армиските касарни делегации ќе положат свежо цвеќе пред бистите на Народните Херои чии имиња ги носат касарните.

Скопје - Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, во состав: Емилија Ангелова и Даниела Белимова по повод одбележувањето на Денот на Армијата ќе положи свежо цвеќе. (Градски гробишта во Бутел/8:00)

Скопје - Министерот за здравство, Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски, ќе ја посетат Универзитетската клиника за дигестивна хирургија по повод пуштање во употреба нова медицинска опрема во вредност од милион евра. (12:00, изјави за медиумите по завршување на обиколката, хируршки клиники, 4 кат)

Охрид - Министерката за образование и наука, Весна Јаневска ќе се обрати на свеченото отворање на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски, јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. (Конгресен центар на УКИМ/12:00)

 

_________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

 

 

Остани поврзан