19 јули 2025
Охрид - Отворање на изложбата „Патот на фреската“ од авторите Ангелина Спировска и Владо Мукоски, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. (Музејско–културен центар „Лапидариум“/20:00)
Скопје - Во рамки на фестивалот „Скопско лето“ премиера на претставата „Лов на дива свиња“ (Македонски народен театар/20.30 часот) и изложба на дигитални мозаици „Патека низ времето“ на Игор Поп Трајков (Дом на култура „Кочо Рацин“/20:30)
Битола - Изложба и промоција на етно стрип „Русалии – танц и традиција“ (Центар за култура, фоаје / 19 часот)
Битола - Свечено отворање на Интернационален етнографски филмски фестивал (Кино „Манаки“ / 20 часот)
Загреб - Македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со „Меѓународна смотра на фолклорот" - најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц, во рамки на официјалната програма од неговото 59. издание со трибина и концерти ќе одбележи десет години од впишувањетo на „Гласоечкото пеење Долни Полог" на Ургентната листа на УНЕСКО.
___________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***