МИА Најави МКД
- 8 октомври 2024
8 октомври 2024
Тиват - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на покана на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
Скопје – Одбележување на Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи – 13 Октомври – „Младите за намалување на ризикот од катастрофи“. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/ 10:00)
Скопје – Седница на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. (Сала 5/ 10:00)
Скопје – Прес-конференција по повод 100 дена нова Влада „100% посветени! За тебе“ на министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. (Медија центар на Владата/ 10:00)
Скопје – Прес-конференција по повод 100 дена нова Влада „100% посветени! За тебе“ на министерот за европски прашања, Орхан Муртезани. (Медија центар на Владата/ 11:00)
Прилеп/Битола – Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија, Никола Мемов ќе ги посети филијалите во Прилеп и Битола. (по посетата на филијалите ќе даде изјави за медиумите)
Скопје - Врховниот суд ќе одржи Општа седница за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот. (Врховен суд/ 12:30)
Скопје – Бизнис форум и промоција на второто издание на Белата книга за добри филантропски и практики за општествено одговорни претпријатија. (х. „Актор“/ 11:00)
Скопје – Отворање на Студио во рамките на Центар за иновации во медиумите на Правниот факултет „Јустинијан Први“. (Правен факултет „Јустинијан Први“, во библиотеката/ 11:00 – 12:30)
Скопје – Свечено отворање на Меѓународната конференција „Европската рута на светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско“ во организација на Институтот за македонска литература при УКИМ. (во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“/ 10:00)
Тетово – Прес-конференцијата на Форумот за Образовни Промени. (во канцелариите на ул. „Илинденска“ 87/13, спроти „Макпетрол“/ 12:00)
Скопје - Прес-конференција на Демократска унија за интеграции. (во седиштето на ДУИ во Скопје, во Чаир/ 12:00)
Скопје – Комеморација за проф. д-р Бистрица Миркуловска (14.03.1930-16.09.2024). (Филолошки факултет „Блаже Конески“, во Салата за седници/ 12:00)
Скопје – Прес-конференција по повод отворањето на роденденската сезона на Македонската филхармонија насловена „Одисеја“ на 10 октомври со концертот насловен „Го славиме јубилејот“. (Камерна сала на Филхармонија/ 11:00)
Скопје – Свечено отворање на 18. издание на „Златна лира“, фестивал на музичките уметници на Македонија со концерт на Пијано Трио. (Музеј на македонската борба/ 20:00)
Скопје – Националниот Џез оркестар ќе одржи специјален концерт со младите џезерски надежи и искусните колеги на иста сцена. (Македонски народен театар/ 20:00)
Скопје – Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски. (во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“/ 20:00)
Скопје – Отворен разговор на тема „Културата и културната дипломатија во времиња на војни – Искуства и предизвици“ во организација на Центарот за Современи уметности – Скопје и LOGS – Групата за општествени иницијативи која делува во Романија и Украина. (Мобилна/Монтажна галерија, Парк на Франкофонијата/ 19:00)
Битола – Музички рецитал на „Интерфест“ со уметникот Радман Алавирад од Иран. (Офицерски дом/ 20:00)
Скопје – Ретроспектива на Златко Трајковски – Хинки. (Мала станица/ 20:00)
Скопје – Отворање на изложбата „СЕЛЕКТИРАНИ - дел 1“ каде ќе бидат претставени делата на дел од селектираните уметници на ОСТЕН Биенале Скопје 2024. (Галерија Остен/ 19:00)
Скопје – Промоција на новиот роман за тинејџери „Распарчени“ на современата норвешка писателка Хилде Миклебуст. (Кисела Вода)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***