• среда, 26 јуни 2024
МИА Најави МКД
13 февруари 2020 Скопје - Арбер Исаку, член на Советот на Јавни обвинители, ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери. (Собрание на РСМ, Охридска сала/10:00) Скопје - Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе одржи две седници 75 и 77. (Сала 4/11:00/12:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 10/11:30) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала „Борис Трајковски“/12:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (Сала 6/14:00) Скопје - Премиерот Оливер Спасовски и директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски ќе одржат прес-конференција. (Влада на РСМ, медија центар/10:00) Париз - Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров во работна посета на Франција. Брисел - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО. Скопје - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски ќе одржи прес-конференција. (МЗШВ/11:00) Скопје - Дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски ќе одржи прес-конференција. (МЗШВ/11:00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе одржи прес-конференција во врска со активностите во пресрет на предвремените парламентарни избори. (ДКСК/12:30) Скопје - Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија ќе објави синдикален проглас. (Простории на СОНК/13:00) Скопје - Панел дискусија на тема „Слободни избори наспроти црна пропаганда“ во организација на ЦИВИЛ. (х.„Сити Парк“/12:00) Попова Шапка - Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Shar Outdoors, тур оператор за скијање во длабок снег, ќе претстават опрема за лавинска безбедност и безбедност при скијање во длабок снег. (х. „Скардус“/11:00) Скопје - Прес - конференција на компанијата Макпетрол АД. (Бензинска станица на Макпетрол, „Партизанска“/12:00) Тетово - Прес-конференција на Комисијата за млади и спорт на ДПА. (Спортски центар кај Нептун/10:45) Скопје - Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и Никола Нешковски, директор на Еко Логик-Здружение за заштита и унпаредување на животната средината и промовирање на концептот за одржлив развој ќе потпишат Меморандум за воспоставување соработка. (Општина Центар, барака 6/12:00) Скопје - Драмски театар Скопје ќе одржи прес-конференција по повод претставата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска. (Драмски театар/11:00) Скопје - Почнува манифестацијата Дебармаалски серенади - 2020, во организација на Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет“. (17:00-21:00) Скопје - Друштвото на писатели на Македонија ќе ги додели традиционалните книжевни награди на писателската асоцијација за 2019 година. (ДПМ/12:00) Скопје - Промоција на книгата „Сценографското дело на Живојин Трајановиќ“ и изложба од уметничкото творештво на академскиот сликар-сценограф Живојин Трајановиќ. (Национална опера и балет, фојае/12:00) Скопје - Промоција и разговор на тема „Ум за медиум; медиумите на крстопат“ во организација на Здружението Контрапункт и порталот за култура „Окно“. (Јавна соба/19:00) Скопје - Промоција на новиот број на списанието „Големото стакло“. (Музеј на современа уметност/20:00) Скопје - Ракометниот клуб Вардар ќе одржи прес-конференција пред натпреварот од ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Мотор (Украина). (СЦ „Јане Сандански“/12:00) Гостивар - Мемориjален марш/маратон во чест на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа  кај с. Ласкарце. -Поаѓање од Гостивар (4:45)  -Старт од с.Ласкарце  (5:30 – 06:00, положување цвеќе) -Клучката кај Групчин  (7:00 – 07:30) -Наплатна рампа Желино (8:00 – 08:30) - Наплатна рампа Тетово (11:00 – 11:30) - Изјави за медиумите од градоначалникот Арбен Таравари -Пристигнување во Гостивар околу 17:00– 17:30 часот на градскиот плоштад Ќе се маршира по регионалниот Скопје-Тетово и по помошниот пат покрај авто-патот Тетово – Гостивар (десна/западна страна) ______________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан