• понеделник, 30 септември 2024
МИА Најави МКД (ДПЛ

30 септември 2024 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (сала 4/11.00)

Скопје - Отворање на Министерскиот состанок за Агендата на ЕУ за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт, во организација на Делегацијата на Европската Унија. (х. „Хилтон„ /10.00) 

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ќе ја отвори Работилницата за животна средина и климатска акција која се спроведува во рамките на проектот „ИПА-Твининг“ со Европската Унија (х. „Арка“ /10:00)

Скопје - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе  се обрати на отворање на Регионален центар К9 за обука и сертификација, проект поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. (Полициски центар Ѓорче Петров /10:00)

Скопје - Презентација на најновата инвестиција на ОКТА во обезбедување на највисоки стандарди за квалитетот на горивата. (простории на ОКТА/12.00)

Скопје - Македонското здружение по кардиологија и Клиниката за кардиологија организираат настан по повод Светскиот ден на срцето. (Амфитеатар на Клиниката за Кардиологија во Скопје /13.00)

Скопје - Потпишување Меморандум за разбирање меѓу Државниот завод за ревизија и Црвениот крст од страна на главниот државен ревизор Максим Ацевски и директорот на Црвениот крст, по што следуваат изјави за медиуми. (Државен завод за ревизија /09:30)

Скопје - Прес-конференција на Коалиција „Менуваме“ и Црвен крст. (Дом на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ /12:00) 

Скопје - „Вечер со Руми“, поетско читање по вовод 817 години од денот на раѓањето на  великанот на класичната персиска поезија. (Свечена сала на Друштвото на писателите на Македонија/ 19:00)

Скопје - Прес-конференција по повод третото издание на Итернационалниот фестивал  на детски театари „Игор Маџиров“. (Театар за деца и младинци/ 11:00)

Битола - Промоција на Спортски универзитетски сојуз. (Ректорат /13:00)

Битола - Промоција на  проектот за дигитализација на творештвото на браќата Манаки. (Офицерски дом/19:00)

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан