• петок, 05 декември 2025

МИА најави МКД (ДПЛ)

МИА најави МКД (ДПЛ)

10 септември 2025

Скопје - Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање. (Собрание на РСМ, Сала 6 / 10:00) 

Скопје - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Гази Баба, каде што ќе изврши увид во градежни активности на следните проекти:  увид во изградба на спортско-рекреативен центар „Идризово“ (12:15); увид во изградба на градинка Трубарево (12:35) и увид во реконструкција на улица „Париска комуна“ во Хиподром - проект финансиран од вториот повик на Владата (12:50; каде што ќе биде дадена и изјава за медиуми) 

Скопје - Министерот за здравство, Азир Алиу ќе присуствува на првата конститутивна седница на Здравствениот совет при Министерството за здравство. (горна сала во Министерството за здравство, снимање инсерти во 13:20 часот, изјава за медиумите во 13:30 часот).

Скопје - Под покровителство на Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, ќе се одржи Првиот регионален спортски самит – Скопје 2025 во организација на Why Not Group, на кој ќе учествуваат министрите за спорт на Србија и на Црна Гора - Зоран Гајиќ и Драгослав Шќекиќ.( Отворање на самитот, х. „Хилтон“ / 9:00)

Скопје - Прес-конференција на портпаролката на Владата, Марија Митева. (Медија-центар на Владата / 12:00) 

Скопје - Седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија (9:30)

Скопје - Институтот за социологија при УКИМ организира меѓународна научна конференција по повод 50 години постоење. (Ректорат на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје  / 9.30)

Скопје - Фондацијата „Метаморфозис“ заедно со „Osservatorio Balcani Caucaso Transeuropa“ ќе прмовира „Извештај во сенка за слободата на медиумите во Северна Македонија“. (Europe House / 10:00) 

Скопје - Со промоција на кампањата „Не се согласувам на присилен брак“, ќе биде отворена дводневната регионална конференција за превенција на трговија со луѓе со фокус на присилен брак, во рамки на проект имплементиран од Отворена порта/Ла Страда Северна Македонија. (х. „Александар палас“ / 17:00) 

Скопје - Прес-конференција на градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и музичарите Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“ по повод третиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“.  („Beer Garden“ во  Дебар Маало /12:00) 

Скопје - Општина Карпош свечено ќе ја отвори новата  административна зграда. (ул. „Никола Русински“ во населбата Карпош 3, веднаш до поштата / 19:00)

Охрид - Отворање на 12. Македонско-северноамериканска конференција за македонистика. (Конгресен центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, 10:00)

Скопје - Прес-конференција на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова. (седиште на СДСМ/11:00)

Скопје -  Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи. (кафетерија до ресторанот ДЕА, Чаир/11:00) 

Скопје - Отворање на изложбата „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта”, во рамките на одбележувањето 30 години соработка помеѓу САД и нашата земја. (Музеј на современата уметност / 19:00) 

Скопје - Со претставата „Брачно советување“ од Даниел Глатауер во режија на Жељко Стјепановиќ, во изведба на Градско позориште Јазавац од Бања Лука, Босна и Херцеговина, ќе биде отворен 12. Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“ во организација на Општина Аеродром. (Парк „Авионче“ во Аеродром / 20:00) 

Белград - Отворање на изложбата „Простори на конјункција - Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“ на Националната галерија. (Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Белград / 19:00) 

Софија - Промоција на бугарското издание на романот „Од Mагла на југ до Mесечина на север“ од македонскиот писател Виктор Петрески. (Македонски културно-информативен центар / 18:30) 

Струмица - Музичкиот караван „Македонијо, во срце те носиме“ гостува во Струмица.  (20:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан