МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 29 август 2025
29 август 2025
Крива Паланка - Премиерот Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“. (Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски/12:00)
Скопје - Проштална средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши со швајцарската амбасадорка Вероник Улман. (Собрание, Стар кабинет/10:00)
Скопје - Седница на Буџетски совет на Собранието. (Собрание, сала 4/11:00)
Скопје - Министерот за локална самоуправа, Златко Перински ќе одржи прес-конференција на тема „Воспоставување на Ресурсен центар за подршка на општините“. (Медиа центар на Влада/12:00)
Крива Паланка - Претседателот на СДСМ Венко Филипче е во работна посета на Крива Паланка. (Изјави на Филипче и градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски пред манастирот Св. Јоаким Осоговски/13:30)
Струга - Воведно излагање на претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски на првиот Летен камп за млади. (хотел „Бисер"-Струга/17:00-17:30)
Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, и кандидат за градоначалник на Општина Чаир Изет Меџити ќе има средба со спортисти од Општина Чаир. (х. „Буши“ - Конференциска сала/14:30)
Скопје - Две последователни прес-конференции на Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден. (Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ/11:00)
Скопје - Прес-конференцијата на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи. (Кафетерија до ресторан DEA, Чаир/11:00)
Скопје - Свечено затворање (финисаж) на самостојната изложба на ликовната уметница Петра Јовановска под насловот „Кругот е недостапен“. (Младинскиот културен центар во Скопје/20:30)
Охрид - Во Куќата на Робевци ќе се одржи Музички-звучен перформанс насловен Deep Dive: Задлабочено звучно истражување (Патување подалеку од мелодијата. Нуркање подалеку од хармонијата. Истражете ги неистражените длабочини на звукот). (20:30)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***