МИА Најави - МКД (ДПЛ)
- 29 април 2025

29 април 2025
Скопје - Претседателот на Собранието Африм Гаши ќе го отвори 65. состанок на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕК. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/10:00)
Скопје - Собранието на Северна Македонија ќе ги одржи 46. и 43. седница. (11:00/14:00)
Скопје - Министерот за здравство Арбен Таравари ќе го посети вакциналниот пункт во Поликлиника Букурешт, по повод одбележување на Европската недела на имунизација. (11:00)
Скопје - Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) организира експертски форум во рамки на проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“. (х. „Солун“/10:00/изјави за медиуми од 10:00-10:30)
Скопје - „Бизнис-ту-бизнис“ - настан за промоција на земјоделските задруги и производите кои ги произведуваат земјоделските задруги, кој го организира проектот„Конкурентни земјоделски задруги“.(х.„Холидеј Ин“/10:00)
Штип - Економскиот факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ го одбележува денот на монетарното осамостојување и прогласување на денарот како национална македонска валута со научниот собир „Ден на денарот“. (Мултимедијален центар, во зградата на Економскиот факултет при УГД/12:00)
Скопје - „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани. (Пред Oбвинителството/12:05)
Скопје - Заокружување на еколошкиот инклузивен проект „Хотел за инсекти“ по повод Меѓународниот ден на аутизамот. (Зоолошка градина Скопје/10:30)
Скопје - Првата детска амбасада во светот – Меѓаши одбележува 33 години од основањето.
Гевгелија - Едукативна работилница за родители од општините Гевгелија, Валандово, Дојран и Ново Село во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ на „Макпетрол“. (Народен театар - Гевгелија/18:00)
Скопје - Доделување на признанието „Златен објектив“ за 2025 година на доајенот Петар Богоевски (1952). (Киносала на Кинотека/12:00)
Скопје - Книжевна вечер со македонскиот писател Томислав Османли посветена на српските изданија на изборот драмски текстови „Пат во рајот“ и на романот „Бродот. Конзархија“. (Српски културно-информативен центар „СПОНА“, бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 30/19:00, изјави за медиумите пред почетокот на настанот)
Скопје - Проекција на грчкиот филм „Невести“ во режија на Панделис Вулгарис (2004). (Кинотека/19:00)
Истанбул - Триото „Интерарт“ со концерт „Музички мостови“ ќе настапи во КИЦ Истанбул.
Скопје - Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори. (Студентски културен центар на УКИМ/18:00)
Скопје - Отворање на Танц Фест 2025 и светска премиера на „Идентитети – будење“, третото и последно дело од трилогијата „Идентитети“, со што ќе се одбележи 45-годишниот јубилеј на уметничката кариера и творештво на Рисима Рисимкин. (МНТ/20:00)
Скопје - Хуманитарен концерт на виолинистот и концертмајстор на Лондонскиот симфониски оркестар Роман Симовиќ и институтот „ФЕЈМС“ во чест на Кочани. (Филхармонија, Камерна сала/20:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***