МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 11 април 2025

11 април 2025
Скопје - Изјава на Љупчо Пренџов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. ( прес сала на Собранието на Република Македонија/11:00)
Скопје - Прес-конференција на министерот за европски прашања Орхан Муртезани и министерот за ЕУ прашања на Унгарија, Јанош Бока. (Министерство за европски прашања, кеј Пресвета Богородица бр. 3/10:15)
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на економскиот форум „Зајакнување на работоспособните жени: Стратегии за отклучување на потенцијалот и зголемување на продуктивноста“, во организација на Finance Think – Институт за економски истражувања и политики. (х.„Мериот“/11:00, изјави за медиуми/10:45)
Тетово - Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ќе присуствуваат на отворањето на новоизградениот спортски терен во дворот на Средното општинско медицинско училиште „Никола Штејн“. (11:00, предвидени изјави за медиуми)
Свети Николе - Заменик - министерката за европски прашања Викторија Трајков во работна посета на Општина Свети Николе.
Скопје - Панел-дискусија „Гордиевиот јазол на штетните наративи во политиката и во медиумите“ во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС). (х.„Холидеј ин“/10:00, изјави за медиуми по завршување на настанот)
Скопје - Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и директорот на „City and Me“, Бранко Крсмановиќ ќе присуствуваат на лансирање на проектот „City and Me“. (Дом на културата „Билјана Беличанец”, изјави за медиуми/10:30)
Тетово - Втора јавна дебата на Општина Тетово за предлозите за имиња на улиците. (Општина Тетово/15:00)
Скопје - Шести конгрес на Македонското респираторно здружение и 5. Конгрес на Здружението на пневмофтизиолози на РМ. (х.„Хилтон“/11:00)
Скопје - Панел дискусија на тема „За посигурна иднина на животните: Законски промени сега“ во организација на Либералниот Институт Скопје. (Младински центар „Матично при Општина Центар)
Скопје - Научна трибина - Книжевниот и интеркултурниот превод како динамика на премини на границите. (Филолошки факултет „Блаже Конески“, сала за седници/13:00)
Скопје - Предавање на амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер на тема „Постои ли се' уште нешто што е само француско?“ во рамки на манифестацијата „Денови на Франкофонијата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. (Филолошки факултет, сала за седници/11:00)
Скопје - „МакеДокс“ ќе ја презентира платформата „Некстас“ пред професори од средните училишта во Скопје. („Јуроп хаус Скопје“/11:00)
Скопје - Промоција на романот „Простување“ од Кица Колбе. (Кафе-книжарница Буква/20:00)
Тирана - Музичката платформа „Терапија“ и Muse-X на Експофест Тирана 2025.
_________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***