• петок, 05 декември 2025
МИА Најави МКД (ДПЛ)

5 август 2025

Скопје - Прес-конференција на министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска Михајловска во врска со полагањето и резултатите од државната матура во јунскиот испитен рок во учебната 2024-2025 година. (МОН/10:30)

Скопје - Официјално примопредавање на новиот мобилен рентген апарат, донација од Амбасадата на Јапонија на Клиниката за детски болести Скопје. (Клиника за детски болести/11:00)

Скопје - Прес-конференција по повод започнувањето на обуката на кандидатите кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари. (Сала за седници на Општина Кисела Вода/14:00)

Кочани - Почеток на проектот Y-REACH - Реинтеграција на младите преку меѓудисциплинарни пристапи, што ќе се реализира преку програмата Еразмус +. (ресторан „Амор“/10:00)

Охрид - Изведба на театарската претстава „Принцезата Ксенија од Црна Гора“ во режија и адаптација на Радмила Војводиќ. (Центар за култура „Григор Прличев“/21:00) 

Битола - Изложба „Декларација на вредност“ од уметникот Константин Солак. (Културен центар „Магаза“/20:30)

Струмица - Отворање на изложбата „Глаголички Откровенија“ на Томе Даневски. (Галерија НУЦК „Антон Панов“/20:00)

 

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан