• четврток, 26 март 2026

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

1 септември 2025

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/10:30)

Скопје - Седница на Законодавно - правната комисија на Собранието. (Собрание, сала 6/11:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. (Собрание, сала 6/12:00)

Скопје - Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади. (Собрание, сала 5/13:00)

Скопје - Седница на Законодавно - правната комисија на Собранието. (Собрание, сала 6/13:30)

Скопје - Посета на претставници на ПОВ на Собранието. (Собрание, сала на Уставна комисија/15:00)

Скопје - По повод почеток на новата учебна година претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе го посетат ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода. (10:00/Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски)

Скопје - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, како и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе го посети ОУ „Конгреси и Манастирит“ по повод почетокот на новата учебна година. (11:00) 

Скопје - Пред Судскиот совет на Република Северна Македонија свечени изјави пред отпочнување  на вршењето на функцијата претседател на суд ќе дадат судија Бојан Мартиноски избран за претседател на Основен суд Охрид и избраните судии Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Сиљаноска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани пред отпочнување на вршењето на функцијата  судија на Апелациониот суд Скопје. (во 10:00) 

Битола - Манифестација „Училишна приказна“ – собир на првачињата од сите општински основни училишта во Битола. (Градски парк /11:00)

Тетово - Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами ќе ја посети гимназијата „7 Март“ по повод почетокот на новата учебна година. (10:00, предвидена изјава за медиумите)

Скопје - Претседателот на СДСМ, Венко Филипче и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски по повод првиот ден на новата учебна година ќе го посетат ООУ „Киро Глигоров“. (9:00; изјава за медиуми 9:50)

Скопје - Дел од раководството на Партијата на пензионерите ќе одржи прес-конференција. (Жена Парк/12:00)

Скопје - Прес-конференцијата на потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми.(седиште на ДУИ/12:00) 

Скопје - Изјава на кандидатот за градоначалник на општина Чаир Бујар Османи и презентација на проект „Чаир, културен мост“. (Кафетерија близу ресторан ДЕА, Чаир/11:00) 

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан