МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 7 септември 2025
7 септември 2025
Охрид - Претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николоски ќе присуствуваат и ќе дадат изјави на пуштање вo употреба на дел од автопат Кичево - Охрид (делница Климештани-Охрид). (Локација: Клучка кај Аеродром - Охрид/11:00)
Скопје - Во Националниот археолошки музеј ќе биде овторена новата постојана поставка, на која е најавено обраќање на претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам Зоран Љутков. (Национален Археолошки музеј/19:00)
Скопје - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, како и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ќе го претстави концептот за енергетска ефикасност на колективните згради во Општина Чаир. (Големиот парк на ул. Методија Митевски, Топанско Поле/12:00)
Скопје - Во касарната „Илинден“ во Скопје во 18:00 часот од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши пробна почесна артилериска стрелба со истрелување на 1 плотун од 6 артилериски орудија и во 19:00 часот ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.
Скопје - Две последователни изјави за медиуми пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ и Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. (Палата др. Христо Татарчев, Плоштад ВМРО бр. 1/10:30)
Скопје - Две последователни прес-конференции на Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ, и на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. ( во седиштето на СДСМ/11.30)
Кавадарци - Изјава за медиуми ќе даде Трајан Димковски, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ во рамките на одбележувањето на „Тиквешкиот гроздобер“. (на плоштадот во Кавадарци/12.00)
Скопје -Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, Бујар Османи, ќе го претстави својот план за справување со проблемот со бездомните кучиња. (седиште на ДУИ во Чаир/11:00)
Подгорица - Премиера на претставата „Лов на дива свиња“ во Градското позориште Подгорица, заеднички проект со Македонскиот народен театар.
Будва - На интернационалниот фестивал „Кирилица“ во Будва ќе бидат претставени портрети на минатогодишниот добитник на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, Жан-Пјер Симеон и на македонскиот писател Јордан Плевнеш.
Струмица - Почнува Get EXITed во Струмица, со настапи на Бајага и Инструктори, Александра Јанева, Бејби Лазања, Џекс Џонс и БДМ. (Градски парк во Струмица/20:00)
________________________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***