• петок, 05 декември 2025

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

МИА Најави - МКД (ДПЛ)

17 ноември 2025 

Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Сала „Борис Трајковски“/12:00)

Скопје - Заедничка седница на Национален совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања. (Сала „Борис Трајковски“/10:00)

Скопје - Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во Општина Гази Баба (кај салонот за Мерцедес, спроти ФОН/11:00 Предвидена е изјава на премиерот Мицкоски). 

Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска ќе се обрати на одбележувањето 70 години од основањето на Бирото за развој на образованието. (х.„Хилтон“/13:00)

Неапол - Делегација на Армијата предводена од началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе учествува на дводневната Координативна конференција на Командантите на јужното крило на НАТО во Неапол, Република Италија.

Скопје - Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески ќе присуствува на отворање на настанот во рамки на Глобалната недела на претприемништво 2025 на тема „Роботика – иновации кои го менуваат светот“. (Дајмонд мол/12:00)

Скопје - Сојузот на здруженија на лица со дијабетес на Македонија организира тркалезна маса насловена „Дијабетесот на работното место – предизвици и можности за здраво и продуктивно работење“. (хот. „Парк“, ул.„Столтенбергова“ бр. 4/3 (Градски стадион)/ 11:30)

Скопје - Прес-конференцијата на потпретседателот на Демократската Унија за Интеграција, Арбер Адеми. (Седиштето на ДУИ во Скопје/11:30)

Штип - Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде домаќин на дводневната истражувачката мисија на Европската универзитетска алијанса (ACE2EU). (Тренинг центарот на УГД (Правен Факултет / 9:15)

Скопје -  Промоција на книгите  „Лингвистички предизвици“ од Бобан Карапејовски и „Семонимите во македонскиот јазик“ од Емил Ниами.  (КИЦ – Скопје, салон  Империјал 2 / 11:00)

Скопје -  Промоција на книгата „Модалноста во кривичните законици“ од Марија Пандева. (КИЦ – Скопје, салон  Империјал 2 / 12:00)

Скопје - Музички фестивал „Ехо на Балканот“ на кој ќе настапат 12 млади пијанисти од шест средни училишта од Западен Балкан. (Музеј на Македонска борба / 12:00)

Скопје -  Пијано рецитал „Скопје во петолиние 2028“. (Салон 1919, КИЦ – Скопје / 19:19)

Скопје - Кирил Џајковски и Констракта, специјални гости на концертот во чест на Влада Дивљан. (Филхармонија / 20:00)

Охрид - Премиера на театарската претстава „Хелверовата ноќ“ . ( Мала сцена на НУЦК „Григор Прличев“ / 20:00)

Охрид - Промоција на поетската збирка „Ми се чини дека некаде слушнав дете“ од Тони Попов. (Art’Caffe & Bar / 19:00)

Истанбул - Камерно-музички рецитал „Пијанофорте – заедно за младите“.

Скопје - Прес-конференција на Ракометниот клуб Вардар 1961. (СЦ „Јане Сандански“ / 12:00)

_______________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан