• сабота, 21 јуни 2025

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

12 мај 2025

Скопје – Премиерот Христијан Мицкоски ќе учествува на 14-то издание на Самитот во организација на „Македонија 2025“. (х. Мериот/9:00)

Брисел - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани во работна посета на Брисел. 

Штип - Министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов ќе го посетат подрачниот објект на ОУ „Ванчо Прке“ во Ново Село. (12:00)

Скопје - Прес-конференција на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија. (седиште на  Движењето ЗНАМ За наша Македонија во Скопје, на ул. Климент Охридски бр. 66/12:00)  

Скопје - Прес-конференција ќе одржи пратеникот Амар Мециновиќ. (Прес центар Собрание/11:00)

Новаци - Министерството за животна средина и просторно планирање организира Јавна расправа по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот - Експлоатација на јаглен од наоѓалиштето во Живојно со површинска технологија.  (Општина Новаци/11:30)

Прилеп - Информативен караван на Агенцијата за пошти. (Економски факултет/11:00)

Скопје – Амбасадорот на Република Турција Фатих Улусој ќе го посети подвижниот музеј на војните во Чанаккале. (Меѓународен балкански универзитет/12:00)

Скопје – Отворање на 13-тото издание на меѓународниот студенстки натпревар и работилница во роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција Robomac 2025. (Амфитеатар на ФЕИТ/12:00)

Кичево - Информативна сесија „Граѓанска регистрација и бесплатна правна помош – бидете видливи, регистрирајте се!“. (Зграда на Општина Кичево/13:00)

Скопје – Јавна панел-дискусија на тема: „Кој е авторот?“ – Авторство, интелектуална сопственост и иднината на креативноста во ера на ВИ, во организација на здружението „ВИ Сега“ и Македонската асоцијација за интелигенција (МАИ). (Сала „Борис Трајковски“ / 18:00)

Скопје – Отворање на изложбата „Првите парламентарци и претседатели на Собранието на НРМ, СРМ, РМ, РСМ 1944-2024“ на проф. д-р Марјан Димитријевски. (Градската библиотека „Браќа Миладиновци“/11:00)

Скопје - Чествување на 195-годишнината од раѓањето на Григор Прличев со промоцијата на кнгигата „Прличев и епската традиција“ на академик Витомир Митевски. (Книжарница „Матица македонска“/19:00)

Битола - Концерт на млади виолинисти од музичките училишта од Битола, Прилеп и Охрид во рамки ина офф-програмата на Виолин Фест 2025. (Офицерски дом/20:00

Скопје – Концерт на пијано дуото „Променада“. (Камерна сала на Филхармонија/20:00)

Скопје – Концерт „Квинтесенца“ на камерното трио „Анимато“. (Даут Пашин Амам/19:00)

______________________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан