МИА Најави МКД (ДПЛ)
- 16 септември 2025
16 септември 2025
Скопје - Посета на кубанската амбасадорка Мариета Гарсија Хордан на Собранието на РС Македонија
- Средба со Пратеничката група за соработка со парламентите на земјите од Латинска Америка и од Карибите. (Сала на Уставна комисија/11:00)
- Средба со пратениците на Пратеничката група на Левица, Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ (Струшка сала/12:30)
Скопје - Посета на Рита Колумбија, постојана координаторка на Обединетите нации на Собранието на РСМ
- Средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Стар кабинет/12:30)
Скопје - Посета на унгарскиот амбасадор Андраш Клеин на Собранието на РС Македонија
Средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши. (Стар кабинет/14:30)
Јегуновце - Ппремиерот Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Јегуновце. (10:30)
- увид во градежни активности на детска градинка во населено место Вратница.
- посета на фудбалска академија во Јегуновце, каде е извршена темелна реконструкција на фудбалскиот стадион со отворање на фудбалска академија за млади.
- увид во градежни активности на новиот современ парк во населено место Сиричино, каде што ќе биде дадена изјава за медиум.
Брисел - На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото.
Скопје - Министерката за образование и наука Весна Јаневска, ќе се обрати на завршниот настан на проектот „Градиме нови мостови“. (ОУ „Живко Брајковски“ - Бутел/11:30)
Скопје - Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, денеска ќе ја посети Општина Гази, каде ќе изврши увид на функционирањето на процесот на унифицирање на службените возила во сопственост на Општината, а ќе биде презентиран и начинот за пријавување злоупотреби при користење на службените возила. (Општина Гази Баба/11:30)
Кочани - „Марш за Ангелите“, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот го загубија 62 млади лица. (стартно место на маршот „Паркот на Револуцијата“/15:35)
Скопје - Иницијативата „Кој е следен“ организира собир на млади од „Студентско пленумско движење“ и ѕвездено небо за изгубените животи во дискотеката „Пулс“ на плоштадот Македонија. (20:16)
Скопје - Прес-конференција на потпретседателот на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми. (седиште на ДУИ/11.30)
Скопје - Меѓународна конференција на тема „Односите помеѓу Западен Балкан и Кина: Надминување бариери, градење мостови“. (Хотел Лимак – сала Аркадија/10:00)
Скопје - Интерактивно предавање и дискусија во рамките на проектот WB-EU Path: ЕУ интеграција на Западен Балкан – модели и предизвици. . (Универзитет Американ Колеџ – Скопје, Амфитеатар А1/12:00)
Скопје - Прес-конференција на МФФ на која ќе се обратат директорот на МФФ Киненова, Небојша Јовановиќ, уметничкиот директор Гена Теодосиевска и селекторот на главната програма Игор Анѓелков. (х „Солун“/11:00)
Скопје - Промоција на книгата „Градот каде што започна војната“ и дискусија „Војната против Украина: женски перспективи“. (Социјален и културен простор ЦЕНТАР ЈАДРО/17:00)
__________________________________________________________
***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***