• четврток, 26 март 2026

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

18 август 2025

Штип - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски ќе присуствуваат на одбележување на Денот на Армијата - 18 Август. (Касарна „Јане Сандански“/11:00 )

Скопје - Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, ќе изврши теренска посета и увид во работите за завршување на последниот дел од каналот во Арачиново, проект што се реализира со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. ( локација на настанот/13:00)

Демир Хисар - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во работна посета на Општина Демир Хисар каде ќе се сретне со градоначалникот Никола Најдовски (11:00) по што заедно ќе ги посетат Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во село Слоештица, Слепченскиот манастир и библиотеката АЛ-БИ во Бабино. (Изјави за медиуми пред Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во Слоештица/12:00)

Струга - НУМ „Струшки вечери на поезијата“ на прес - конференција ќе ја претстави годинешната програмска содржина на манифестацијата. (х. „Дрим“/11:00)

Скопје - Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. (Сала на Советот на Град Скопје, барака бр.13, од 10 до 13 часот)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

 

  

Остани поврзан