• понеделник, 05 август 2024

МИА Најави МКД (ДПЛ)

МИА Најави МКД (ДПЛ)

5 август 2024

Скопје – Седница на Комисијата за финансирање и буџет. (Собрание, сала „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје – Никол Варнс, заменик-шеф на Мисијата на Амбасадата на САД во Скопје во посета на Собранието. (Собрание, Стар кабинет/11:00)

Скопје – Прес-конференција на пратеникот Сашо Јанчев. (Собрание, Прес центар/11:00)

Скопје - Драгана Бојковска, пратеничка од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе даде изјава за медиуми. (Собрание, Прес центар /10:45) 

 

Скопје - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе го пречека и ќе биде домаќин на Албин Курти, Претседателот на Владата на Република Косово. (09:55)

-Тет-а-тет средба помеѓу премиерите Мицкоски и Курти (10:00 до 10:30)

-Билатерална средба на која покрај премиерите ќе присуствуваат и владини делегации од двете страни (11:00) по што ќе следи заедничка прес - конференција на премиерите Мицкоски и Курти (во Медија центарот на Владата, се покануваат медиумите да ја проследат прес- конференцијата)

 Скопје - Седница на Судскиот совет. (Сала на Судскиот совет/10:00)

Скопје – Промоција на VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот „SHELeadersVR“ (Владетелки на Балканот) поддржан од програмата Креативна Европа, во организација на Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје, заедно со соработниците од Археолошкиот институт од Белград и координаторот DIGI.BA од Сараево. (Европска куќа/10:00)

Скопје - Прес-конференција по повод одјавувањето од работа на 34 вработени во Ансамблот на албански песни и ора. (пред Домот на Армијата/11:00)

__________________________________________________________ 

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан