• петок, 05 декември 2025

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

10 ноември 2025 

Белем, Бразил - Почнува Конференцијата на ОН за климата - КОП30, која ќе трае до 21 ноември.

Вашингтон - Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го прими привремениот претседател на Сирија, Ахмад ал-Шара, во Белата куќа.

Париз - Сослушување за барањето за ослободување на поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Лисабон - Почнува Веб-самитот, годишниот состанок на дигиталната економија и новите технологии, кој ќе трае до 13 ноември.

Берлин - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер ќе ги прими американските ветерани од Втората светска војна.

Њујорк - Состанок на Советот за безбедност на ОН за трговијата со оружје на Карибите и во Африка.

Пекинг - Кралот Фелипе Шести од Шпанија во посета на Кина до 13 ноември.

Остани поврзан