• сабота, 20 април 2024

МИА Најави-свет

МИА Најави-свет

24 Февруари 2023 

Киев – Годишнина од почетокот на руската инвазија врз Украина. Претседателот Володимир Зеленски ќе одржи прес-конференција, а во градот Буча ќе се одржи комеморативна церемонија за жртвите од масакрот.

Берлин – Одбележување на првата годишнина од војната во Украина во присуство на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и дипломати од Амбасадата на Украина, со видео говор на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Њујорк – Состанок на Советот за безбедност на ОН на министерско ниво по повод годишнината од руската инвазија врз Украина.

Талин – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен е во посета на Естонија.

Остани поврзан