• петок, 05 декември 2025

МИА Наслови - свет

МИА Наслови - свет

16 септември 2025

Брисел - Седница на Советот за општи работи на ЕУ, каде што министрите за европски прашања ќе разговараат и за состојбата со владеењето на правото во Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Албанија.

Брисел - Меѓувладина конференција, на која Албанија ќе го отвори петтиот од шесте кластери во преговорите за пристапување со Европската Унија - Кластер 4 (Зелена агенда и одржлива поврзаност).

Лондон - Американскиот претседател Доналд Трамп започнува официјална тридневна посета на Велика Британија.

Рига - Финскиот претседател Александар Стуб започнува дводневна посета на Летонија.

Женева - Презентација на извештајот на Истражната комисија на ОН за состојбата со човековите права во Појасот Газа.

Л’вов - Во Украина започнува тридневен самит за одбранбени технологии.

Сараево - Делегацијата на Европскиот парламент, предводена од пратеникот Матјаж Немец, започнува тридневна посета на Босна и Херцеговина, со цел да изрази поддршка за европскиот пат на земјата.

Остани поврзан