• петок, 22 ноември 2024

МИА втора година дел од Медиумскиот ден на средношколци

МИА втора година дел од Медиумскиот ден на средношколци

Скопје, 29 септември 2023 (МИА) - Медиумската информативна агенција (МИА) втора година по ред се приклучи на „Медиумскиот ден на средношколци“ што го организира Институтот за комуникациски студии.

null

Средношколци од четири училишта во државата ја посетија МИА и се запознаа со работата на Агенцијата, која дневно продуцира околу 400 вести и други медиумски продукти на македонски, англиски и на албански јазик.

null

Учениците се запознаа со начинот на продукција на вестите и другите медиумски продукти, а посебно внимание беше посветено на тоа како да се препознаат дезинформациите со кои е преплавен медиумскиот простор.

null

На учениците од „Раде Јовчевски-Корчагин“ и „Панче Арсовски“ од Скопје, како и од „Перо Наков“ од Куманово и „Гостивар“ од Гостивар им беше презентирано како новинарите од МИА ги препознаваат лажните вести и како самите да препознаат дали одредена информација што се пласира на социјалните медиуми е вистинита или лажна. 

null

Учениците имаа можност да видат и како работи делот за видео продукција, а дел од нив да се запознаат и со начинот на кој се пренесуваат во живо дневните настани. 

null

Медиумскиот ден за средношколци се организира седма година по ред. Во рамки на овој ден, денеска учениците посетија повеќе медиуми каде се информираа за начинот на работа на тие медиуми и за медиумската писменост, а попладнево ќе се одржи и панел дискусија за тоа дали дезинформациите се опасни или се само несолена шега. бак/ац/

Фото: МИА 

 

 

Остани поврзан