• понеделник, 23 декември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
15 октомври 2020  Скопје - Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Собрание на РСМ, сала 6/12:00) Скопје - Премиерот Зоран Заев и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Александар Младеновски ќе извршат увид во градежните активности за асфалтирање на булевар и улици во ТИРЗ Скопје 2 (Бунарџик), по што се предвидени изјави за медиумите. (13:00) Скопје - Прес-конференција на министерот за надворешни работи, Бујар Османи за преземените активности и организациски аспекти во рамките на македонско-бугарското ко-претседавање со  Берлинскиот процес 2020 (БП-2020) и подготовките за завршниот Самит  во Софија на 10 ноември 2020. (хол на МНР/11:00) Скопје - Министерот за економија Крешник Бектеши ќе потпише договори со четири занаетчиски комори од мерката Кофинансирање проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерството за економија. (изјави за медиуми пред влез на Министерството за економија/11:30) Гевгелија - Евроамбасадорт Дејвид Гир и министрите за животна средина и просторно планирање и за локална самоуправа, Насер Нуредини и Горан Милевски, официјално ќе ја пуштат во употреба станицата за следење на квалитетот на воздухот инсталирана во градинката „Детска радост“ во Гевгелија. радинка „Детска радост“, клонСончогледи“/12:00) Охрид - Прес-конференција на Делегацијата на германското стопанство по повод  почетокот на новата учебна година на третата генерација ученици кои се школуваат според програмата за дуално стручно образование по германски модел. (Средно стручно училиште „Св. Наум Охридски“ул. „Живко Чинго“ 1/ 12:00) Скопје - Прес-конференција на Здружението Нефрон, по повод активностите за одбележување на Европскиот ден за органодарителство и трансплантација. (голема сала на Социјалистичка Партија, ул.„11 Октомври“ бр.17/11:00) Кочани - Настан за четвртата иницијатива на Националната коалиција за животна средина. (х. „Але Дар Кочани“/12:00) Скопје - Одбележување на 15 Октомври, Меѓународниот ден на Белиот стап - Симболот на слепиот човек признат од Организацијата на Обединетите нации, во организација на Националниот сојуз на слепи лица. Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе се обрати на „14-та Детска ликовна колонија Св. Пантелејмон“. (во комплексот на манастирот „Св. Пантелејмон“, с. Горно Нерези, Општина Карпош/11:00) Куманово - Изложба на фотографии „Фото-белешки од Норвешка“ на Драган Тодоровски. (Изложбен салон НУЦК „Трајко Прокопиев“/19:30) Скопје - Аудио изјави од Стевче Алушовски, тренер, и Гоце Георгиевски и Јосип Векиќ, играчи, пред почетокот на ракометниот натпревар Вардар - Флензбург. (СЦ „Јане Сандански“, натпреварот почнува во 20:45) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан