• понеделник, 23 декември 2024

МИА Најави – МКД

МИА Најави – МКД
30 септември 2021 Скопје – Форум на граѓанското општество на Западен Балкан – Скопје, организиран од Економскиот економски и социјален комитет на кој ќе се обрати премиерот Зоран Заев. (х. „Александар Палас“/ 9:30, прес-конференција/ 11:15 -11:45 или Live webstream link: https://www.eesc.europa.eu/en/agenda/our-events/events/8th-western-balkans-civil-society-forum/webstream)
Стразбур – Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров ќе има специјално обраќање на есенската сесија на Парламентарното собрание при Советот на Европа. Скопје - Почетен настан на ЕУ твининг-проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“ во организација на Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, Агенцијата за заштита на личните податоци на Република Хрватска и Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ). (х. „DoubleTree by Hilton“/ 9:30 – 12:00) Крушево – Меѓународна младинска конференција „Европски вредности за иднината на земјите во Југоисточна Европа“ ќе дебатираат за европската иднина и трансформација на регионот, во организација на Младинскиот сојуз. (х. „Монтана“ или https://www.youtube.com/channel/UCLguv7am9_qMrXRTRu3HbYw/featured или на https://www.facebook.com/YouthConferenceKrusevo/  19:30 – 21:30) Скопје - Градежниот институт Македонија и Макстил АД Скопје ќе го презентираат проектот „Cinderela“ за циркуларна економија и искористување на отпадот како ресурс. (во кругот на Макстил АД – Скопје/ 11:00)  Локални избори 2021 Скопје – Изјава на Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на СДСМ и коалицијата за општина Аеродром. (спроти поликлиниката „Јане Сандански“/ 10:00) Чешиново-Облешево/Виница/Зрновци/Кочани - Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во повеќе населени места. (Паркот на штркот во Чешиново/ 18:00; Плоштад „Ангел Винички“ во Виница/ 18:30; плоштад „Свети Димитрија“ во Зрновци/ 19:30 и ГТЦ во Кочани/ 20:30) Скопје – Прес-конференција на независниот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска. (во граѓанскиот штаб на улица „Македонија“, до „Пеко“/ 11:00) Скопје -  Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Љупчо Јаневски од Движењето „Одлучно за промени“, на која ќе се презентира дел од програмата за локалните избори. (ул. „Борис Сарафов“, бр. 2, канцеларијата на кандидатот за градоначалник, веднаш до Фармахем дијагностика/ 11:00) Скопје – Кандидатката за градоначалник на Скопје, Ана Петровска и кандидатите за советници на Град Скопје од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ на средба со граѓани. (маалска средба во Лептокарија, отворениот простор пред кафулето „Ревија“/12:00; маалска средба на ул. „Тоше Проески“, општина Аеродром/ 17:00 и Виртуелна средба со кандидатката за градоначалник Ана Петровска на O&A настанот на ФБ/ 20:30) Врапчиште – Изборни активности на Движењето Беса. (Врапчиште/ 19:30)
_________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан