• четврток, 04 јули 2024
МИА Најави – МКД
25 јуни 2020  Скопје - Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска, заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка министерка, Санела Шкријељ, ќе направат увид во реновирањето на просториите на детскиот дом „11 Октомври“, по што ќе дадат изјави за медиумите. (ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 25 во близина на Агенцијата за вработување /10:00)

Скопје - Вицепремиерката задолжена за економски прашања Мила Царовска и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Александар Младеновски ќе извршат увид во завршните работи на опремување на производствениот капацитет на германската компанија „Гересхајмер“, по што ќе дадат изјави за медиумите. (ТИРЗ Скопје 2/13:00)

Прилеп - Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во рамки на своите работни активности, ќе го посети Одделението за внатрешни работи во Прилеп и ќе оствари работен состанок со раководството на ОВР Прилеп, по што ќе даде изјава за медиумите. (пред зградата на ОВР - Прилеп/11:30) Кавадарци - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе даде изјавa за медиуми. (во предградието на Кавадарци во месноста Моклиште, Ваташа, пред х. „Вила Бела“, во блискиот лозов насад/12:30) Скопје - Прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија на која ќе биде потпишан договор со Македонскиот полициски синдикат – Скопје. (пред ССКМ/11:00) Скопје - Во рамките на КРИК – фестивал за критичка култура хрватскиот теоретичар и филозоф Томислав Медак ќе одржи предавање насловено „За кревкоста, потрошноста и кршливоста: капиталистичка напуштеност и грижа“. (онлајн во живо на Фејсбук страницата на КРИК https://www.facebook.com/KRIKfestival/ 20:00) Скопје - Промоција на „Не правете им сенка на гробовите“ - збирка раскази од Дијана Петрова. (МКЦ/20:00) Скопје - Прва самостојна изложба „Движење“ на Марија Ќурчиева. (МКЦ, Галерија 2, горно фоаје/19:00) Скопје - Отворање на изложбата на слики насловена „Обоен ветар фу“ од Блашка Миева. (КИЦ, Изложбен салон – Империјал 2) ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2020 Охрид/Скопје - Караванот на Коалицијата „Можеме“ ќе ги посети општина Охрид (19:00) и општина Бутел (20:30)

Вевчани/Струга/Ресен - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја посети општина Вевчани. (17:00), општина Струга (18:30) и општина Ресен (20:00)

- Скопје - Носител на ИЕ 1, проф. д-р. Гордана Силјановска Давкова на улица „Македонија“ ќе присуствува на отворање на штаб (13:15), а ќе даде изјава (13:30), мини митинг во општина Центар, во населбата Капиштец, кај игралиштето (19:00) и мини митинг во општина Центар кај паркингот кај „Трготексти“ (20:00)

- Куманово - Носител на ИЕ 2, Владо Мисајловски ќе ја посети општина Куманово, каде кај Индустриски зона Речица ќе даде изјава за медиуми (15:00)

- Велес - Носител на ИЕ 3, Игор Јанушев ќе го посети Велес, каде што пред црквата „Св. Пантелејмон“ ќе даде изјава за медиуми (11:00), а ќе присуствува и на свечено отворање на штаб во градот, спроти поранешно АМС, каде ќе даде исто така изјава за медиуми (20:00)

- Гевгелија - Носител на ИЕ 4, Александар Николоски ќе ја посети Гевгелија, каде во центарот на градот на плоштадот ќе даде изјава замедиумите (12:45)

- Охрид - Носител на ИЕ 5, Игор Дурловски ќе го посети Охрид, каде ќе даде изјава за медиуми пред споменикот на Св. Климент (9:00)

- Гостивар - Носител на ИЕ 6, Дафина Стојаноска ќе го посети Гостивар, каде пред кафе барот „Бејби Блу“, ќе даде изјава за медиуми (11:00)

Скопје - Прес-конференција на Стево Насковски, носител на листата на кандидати за пратеници за ИЕ 5. од Политичката платформа Македонски концепт. (пред  зградата на Основен суд 1/10:30)

Тетово - Коалицијата Алијанса за Албанците и АлтернАтива ќе ја одржи промотивната конвенција за кандидати за пратеници на парламентарните избори во 2020 година.(плоштад „Илирија“/20:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан