• недела, 19 мај 2024
МИА Најави – МКД
29 декември 2020 Скопје - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери ќе одржи предновогодишна средба со претставници на медиумите. (Кристална сала/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за култура. (сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (сала 6/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (сала 6/15:30) Скопје - Седници на собраниската Комисија за труд и социјална политика. (сала „Борис Трајковски“/16:00 и 17:00) Кавадарци - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети реконструираниот објект на ОУР (Одделението за управни работи Кавадарци) во објектот на Регионалниот центар „ЈУГ“. (10:30, по што ќе следува изјава за медиумите) Скопје - Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе ја одржи традиционалната предновогодишна средба и брифинг за претставниците на медиумите. (на платформата ZOOM/12:00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 45-та седница. (на платформата на ZOOM https://zoom.us/j/94392973501?pwd=MC80alBvYmVlQkF6WnIrOEMzeHIwZz09 /10:00) Скопје - Петта годишна проценка на деловното опкружување во Северна Македонија во организација на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива спроведуван од ЕПИ ЦЕНТАР со партнерите Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. (на платформата ZOOM  https://zoom.us/j/98917099507?pwd=cTAveWNpdHVOVCtCZGxEK1lMRTBqQT09  /11:00) Скопје- Finance Think организира брифинг за новинари на кој ќе бидат презентирани и промовирани резултатите од истражувањето „Потенцијалот на извозно-ориентираните компании да придонесат за економското закрепнување по Ковид-19 во Северна Македонија“. (https://uacs.webex.com/uacs/j.php?MTID=m5fbbfafad9714c8fb8d84f22d1f325f9  /11:00) Скопје - Презентација на е-мапа загадувачи на животната средина (пилот-верзија). (на платформата ZOOM https://us02web.zoom.us/j/6612320797 /11:00) Скопје - Фондацијата за интернет и општество - Метаморфозис организира настан „До каде сме со медиумските реформи?“ (на платформата ZOOM https://techsoupglobal.zoom.us/meeting/register/tJckcuuspz0uGtJSbBkraJVGfqmVtOIbW2xd  или во живо на Facebook на До каде сме со медиумските реформи? /12:00 – 14:00) Скопје – Брифинг на Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм. (МКЦ, Клуб ресторан/12:00) Скопје - Премиера на претставата „Диши“ од Данкан Мекмилан - Драмски театар Скопје. (12:00) Кавадарци - Театарот при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци премиерно ќе ја прикаже новогодишната претстава „Дедо Мраз и куклите“, автор на текстот и режија Александар Малинков. (онлајн на ФБ страната и ФБ профилот на Домот на културата/19:00) Скопје – Онлајн промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков. (на Фејсбук-страницата на „Литература.мк“/19:00) Скопје - Локомотивацентарoт за нови иницијативи во уметноста и културата преку онлајн настани во периодот од 29-ти декември до 15-ти jaнуари ќе ги презентира видео интервенциите од проектот „Неуспехoт како пракса“ на уметникот Дарко Драгичевиќ (Берлин). (на ЈуТуб каналот и веб сајтот на Локомотива и социјалните медиуми  https://www.lokomotiva.org.mk/3632-2/) _____________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан