• недела, 19 мај 2024
МИА Најави – МКД
1 октомври 2021
Македонска Каменица – Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова ќе извршат увид во реконструкција на локалниот пат за село Цера.  (изјави за медиуми на локацијата Стара Каменица, кај месната заедница/ 11:00) Скопје – Втор ден од осмиот Форум на граѓанско општество на Западен Балкан во организација на Економскиот економски и социјален комитет. (х. „Александар Палас“/ 9:00) Скопје – Објавување на првиот реализиран проект од новиот инвестициски циклус на Пивара Скопје. (Управна зграда на Пивара Скопје, ул. „808“, бр. 12/ 10:30, новинарите да пристигнат најдоцна/ 10:15) Скопје – Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски ќе има видео обраќање на првиот академски час на студентите на Правниот факултет, како и на студентите на Економскиот факултет. Скопје – Прв академски час на Факултетот за безбедност – Скопје. (Факултет за безбедност/ 11:00) Битола – Прв академски час на Правниот факултет во Битола при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола со што ќе започне новата академска 2021/2022 година. (на платото на Правниот факултет/ 11:00) Штип – Прв академски час на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. (свечена сала на Кампус 2/ 11:00), првиот академски час на Медицинскиот факултет ќе се одржи онлајн: https://teams.microsoft.com/l/meetup-join/19:meeting_YWQxMTUyNTItMjllNi00N2U5LWFkMjgtZDMxOGE4Y2UyMTlj@thread.v2/0?context=%7B%22Tid%22:%2244e77a94-f072-4e8f-821a-fc2dc02cc65d%22,%22Oid%22:%22b4252b59-56f1-4435-add3-dd5183577567%22%7D.  /10:00) Скопје – Социјалното претпријатие РЕДИ Рециклажа организира Отворен ден со РЕДИ Рециклажа. (х. „Мериот“, сала Ballroom/ 11:00 - 13:00) Скопје – Прес-конференција на Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард Банка - „Правда за штедачи“. (пред зградата на Апелациониот Суд/ 11:00) Скопје – Десетто јубилејно издание на NASA SPACE APPS CHALLENGE 2021. (https://www.facebook.com/NASASpaceTechMK/videos/401073975064641/  /14:00) Скопје – Премиера на претставата „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов и во режија на Владимир Милчин. (НУ Турски Театар/ 19:30) Скопје – Онлајн работилница за продукција на дела со подвижни слики водени од уметникот и експериментален филмски режисер Бен Риверс. (13:00 – 16:30) Скопје – Промоција на книгата „Нашиот пат: 25 женски приказни од историјата“ во авторство на Ивана Хаџиевска, Јана Коцевска и Ивана Драгшиќ. (Кафе-книжарницата „Буква“/ 13:00) Скопје – Книжевен фестивал „Друга приказна“. (Пионерскиот дом „Карпош“/ 18:00) Скопје – Самостојна изложба „Неподнослива празнинана" на мултимедијалната уметничка Дијана Томиќ Радевска. (Музеј на град Скопје/ 20:00) Скопје – Изложба на Валентина Илијевска „UPSIDE DOWN LIPS“ - „ГОРНИ И ДОЛНИ УСНИ“. (Галерија „КО-РА“, мал салон/ 20:00) Тетово – Центарот за Еднакви Можности „Бубамра“ ја организира изложбата „Од инбокс, во плоштад“. (на плоштадот„ Илирија“/ 12:00 и во просториите на CBC LOJA /19:00) Локални избори 2021: Градско/Чашка/Велес – Првиот централен караван „Најдоброто за мојата општина“ е меѓу граѓаните на Градско и Чашка, а централниот настан каде ќе се обратат претседателот на СДСМ, Зоран Заев и кандидатот за градоначалник Ненад Коциќ ќе се одржи во Велес. (паркинг пред Судот/ 20:00) Скопје – Вториот централен караван „Најдоброто за мојата општина“ ќе се одржи во Илинден на кој ќе се обратат потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, генералниот секретар Љупчо Николовски и кандидатот за градоначалник Александар Тодоровски. (паркинг пред  Домот  на културата/ 18:00) Скопје – Изјава за медиуми ќе даде Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром. (во Паркот на светлината, спроти „Мајчин дом“/ 11:00) Демир Хисар/Новаци/Могила/Битола – Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја претстави изборната кампања „Создади нова иднина!“ во повеќе населени места. (Градски плоштад „Демир Хисар“/ 17:30; пред Општинската зграда во Новаци/ 17:30; пред Општинската зграда во Могила/ 19:00 и на плоштад „Магнолија во Битола/ 20:30) Скопје – Промоција  на изборната програма на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. (ресторан „Рагуза 360“, бул. „Св. Кирил и Методиј“ 1/1/6-3/ 11:00) Свети Николе/Кочани – Во рамки на изборните активности партијата Левица во Свети Николе ќе отвори канцеларија (18:00), а во Кочани претседателот на партијата, Димитар Апасиев ќе има средба со симпатизери. (20:00) Скопје – Прес-конференција на кандидатот за градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. (пред Етно село во Горно Нерези/ 11:00) Скопје – Маалска средба на „Зелен хуман град“ и Ана Петровска со жителите од Драчево. (во паркот Јанко Мишиќ/ 17:00) Струга – Изборни активности на Движењето Беса. (19:30) Скопје – Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) организира средба со кандидатите за градоначалник на која ќе се дискутира за рамноправноста на студентите во однос на користењето субвенциониран јавен транспорт. (УАКС/ 10:00) Скопје – Изборен рапорт #5 на ЦИВИЛ. (Прес-центар на ЦИВИЛ, на Фејсбук и на страницата на Јутуб каналот на ЦИВИЛ/ 10:45)
____________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан