
5 мај 2020
Скопје - Институтот за македонски јазик по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик електронски ќе објави десет книги за афирмација, негување и за проучување на македонскиот стандарден јазик.
Скопје - Редовна тематска прес-конференција на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, за најновите макроекономски проекции. (официјален YouTube канал на Народна банка/12:00)
Скопје - Онлајн студентска дебата на тема „Искуствата од Еразмус плус размените“ во организација на Македонското Европско движење, како дел од активностите за одбележување на 9 Мај Денот на Европа. (Фејсбук страница на Европското движење/12:00)
__________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.