• понеделник, 24 јуни 2024
МИА Најави – МКД
8 јуни 2021 Скопје – Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 43.седница. (Голема сала/11:00) Скопје – Работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците. (сала 10/14:00) Скопје – Седница на собраниската Комисија за надворешни работи. (сала „Борис Трајковски“/10:45) Скопје – Седница на собраниската Комисија за надзор над спроведување на мерките за следење на комуникациите. (сала 6/13:00) Скопје - Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе учествува на министерскиот состанок за надворешни работи во рамките на германското претседателство со Берлинскиот процес во 2021 година, што ќе се одржи во видео формат. Штип - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Македонија пат Беким Мемеди ќе извршат увид во реконструкција на транзитот низ Штип. (во близина на Пожарната/10:00), по што министерот Бочварски и градоначалникот на општина Штип Сашко Николов ќе го означат почетокот на изградба на водоснабдителен систем за населбата Македонка. (изјави за медиумите се предвидени на ул. „Брегалничка“, населба Македонка/10:15) Скопје – Министерството за култура на Република Северна Македонија организира промотивни настани на тема „Креативна Европа Дома“ посветени на искуствата во спроведувањето на програмата Креативна Европа – Култура на Европската Унија, како и на нејзината рефлексија на национално и на регионално ниво.  (НУ Музеј на современа уметност/10:45) Скопје – Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села ќе одржи брифинг со уредници на медиуми. (Јавна соба/10:00) Скопје - Промоција на книгата од Димитрије Бужаровски „Увертирата оп. 54 и четирите симфонии“. (на платформата ZOOM, https://www.youtube.com/channel/UCoRrgui0j6bK9s70nPpM79w /20:00) Крива Паланка – Концерт на Пламенка Трајковска – гудачко трио. (НУ Центар за култура/19:00) Скопје – Отворање изложба на дигитални принтови од ликовниот уметник Валимир Азири. (ЈУ КИЦ, Изложбен салон – Империјал 1 и 2/19:00) __________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини

Остани поврзан