• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави – МКД
30 декември 2020 Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе ја одржи 27. седница. (Голема сала/10:00) Скопје - Седница на собраниската Законодавно-правна комисија. (Сала 6/11:30) Скопје - Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. (Сала „Борис Трајковски“/12:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала на Уставната комисија/11:00) Скопје - Клубот на пратенички на Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи конституивна седница. (Сала „Борис Трајковски“/10:00) Скопје - Прес-конференција на министерот за правда Бојан Маричиќ, јавниот обвинител Љубомир Јовески и претседателот на Судскиот совет Киро Здравев. (Клуб на пратеници/10:00) Скопје - Министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорката на Сојузна Република Германија Анке Холштајн ќе присуствуваат на примопредавање на донација од страна на Министерството за надворешни работи на Германија на Поликлиниката во Општина Шуто Оризари. (09:00) Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе го одржи продолжението на 45-та седница  (https://zoom.us/j/97835375968?pwd=eUR4dXFaeWRHYnBOV3drTzA4dTFPdz09/10:00) Скопје - Генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија“ - Скопје, Јани Макрадули и главниот извршен директор на Халк банка АД Скопје, Билал Суџубаши ќе потпишат Договор за соработка помеѓу АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје и Халк банка АД Скопје и Договор за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје во име и за сметка на Халк банка Скопје. (Дирекција на АД „Пошта на Северна Македонија“ - Скопје/12:00) Скопје - Средба на верските лидери на црквите и верските заедници спомнати во Уставот со директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски. (Клуб на пратеници, изјави не се предвидени/10:00) Скопје - Евротинк - Центар за европски стратегии организира онлајн брифинг со новинари по повод презентирање на наодите од анкетното истражување ЕВРОМЕТАР за мислењето на граѓаните за прашања поврзани со евроинтеграциите и довербата во институциите. (https://zoom.us/j/93508186947?pwd=MWErL2J5WkdLTnVITlZlV2FqREFQUT09 /10:00) Скопје - Премиера на монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, а во изведба и режија на првенецот на Македонскиот народен театар, Ѓорѓи Јолевски. (мала сцена во МНТ/12:00) Скопје - Соопштување на добитниците на наградите на традиционалниот поетски конкурс „Маџирмаалски поетски бранувања“. (Национална и универзитетска библиотека „Св Климент Охридски“ - Скопје/12:00) _____________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан