• четврток, 21 ноември 2024
МИА Најави - свет
6 мај 2020  Брисел - Видеоконференциска врска  на лидерите на ЕУ и Западен Балкан од Европската народна партија (ЕПП) пред самитот ЕУ-Западен Балкан. Брисел/ Загреб - Видео средба меѓу лидерите на земјите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Женева  - Прес-конференција на претставниците на Светската здравствена организација за епидемијата на коронавирусот. Берлин - Германската канцеларка Ангела Меркел ќе разговара со официјалните претставници од германските провинции за новите чекори за олеснување на забраните за движење. Москва - Руската Влада се состанува со претседателот Владимир Путин за ублажување на преземените мерки за борба против коронавирусот. Мадрид- Шпанскиот премиер Педро Санчез од парламентот ќе побара продолжување на вонредната состојба во земјата. Багдад- Ирачкиот Парламент ќе гласа за новата влада, предводена од Мустафа Кадими.  

Остани поврзан