МИА Најави - свет
- Брисел - Еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан ќе разговара преку видео-конференциска врска со министерот за животна средина на Северна Македонија, Насер Нуредини.

28 јануари 2021
Брисел - Еврокомесарот за буџет и администрација, Јоханес Хан ќе разговара преку видео-конференциска врска со министерот за животна средина на Северна Македонија, Насер Нуредини.
Будимпешта - Онлајн конференција „Национализми на Западен Балкан - Косово и Албанија во иднина - подалеку или поблиску еден до друг“ организирана од Институтот за надворешни работи и трговија од Будимпешта.
Стразбур - Завршува редовното зимско заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).
Њујорк - Прес конференција на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Красногорск - Судот на Московската област ќе ја разгледува жалбата на опозицискиот лидер Алексеј Навални на неговото апсење.
Бишкек - Новоизбраниот претседател на Киргистан ќе положи заклетва.
Брисел - Неформална средба на министрите за внатрешни работи на ЕУ.
Пекинг - Дочек на Кинеска Нова Година.