• среда, 15 мај 2024

МИА Најави - свет

МИА Најави - свет
20 октомври 2021 Брисел - Прес-конференција на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред состанокот на министрите за одбрана од земјите членки на Алијансата. Москва - Меѓународни преговори за Авганистан со учество на талибанците. Брисел - Европскиот парламент ќе го соопшти името на добитникот на наградата Сахаров за човекови права. Атина - Потпретседателот на Европската комисија задолжен за Европскиот зелен пакт, Франс Тимерманс, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и високи владини и странски претставници ќе присуствуваат на конференција во Атина за климатската криза. Богота - Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ќе престојува во прва посета на Колумбија.

Остани поврзан