• вторник, 14 мај 2024
МИА Најави МКД
17 мај 2021 Брдо кај Крањ - Претседателот Стево Пендаровски во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. Скопје - Работилница за примена на кодексот за етичко однесување на пратениците. (Собрание на РСМ/Парламентарен институт/ 10:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт. (Сала „Борис Трајковски“/ 11:00) Скопје - Седница на собраниската Комисија за европски прашања. (Сала 6/ 11:30) Куманово -  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе се вакцинира на пунктот во спортската сала на СОУ „Перо Наков“ (поранешна касарна - Бедиње) во (9:00), по што ќе даде изјава за медиуми пред салата „Перо Наков“ во (9:25) Скопје - Прес-конференција на директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров и раководител на Сектор за програми во областа на образование, истражување, развој и иновации, Катерина Кречева. (во живо на официјалниот профил на ФИТР на Фејсбук/ 11:00) Велес - Промоција на најновата инвестиција во лозови насади, која е дел од 4-годишната инвестициската програма на ВВ „Тиквеш“. (месноста Бабуна близу Велес/ 11:00) Скопје - Онлајн дебата по повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. (https://us02web.zoom.us/j/83288431533/ 11:00) Скопје - Онлајн прес-конференција на Стопанска комора на Северна Македонија на тема „Навремено носење на Законите од областа на животната средина за елиминирање на последиците по компаниите“. (https://mchamber.webex.com/mchamber/j.php?MTID=m9a3c8cfa401d0eab144e15d9734cdee2/ 11:00) Скопје - Промоција на извештајот „Гласови за време на пандемијата Ковид-19 - влијанието врз децата, младите и линиите за помош на деца ширум светот“ на мрежната организација Child Helpline International, со учество на СОС линијата за деца и млади на Меѓаши. Скопје - Дванаесетто издание на Меѓународниот фестивал за класична гитара „Тремоло“. __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини  

Тагови

Остани поврзан