• вторник, 05 ноември 2024
МИА Најави - МКД
2 август 2021 Одбележување на 2 Август - Денот на Републиката: Скопје - Собраниска делегација, предводена од претседателот Талат Џафери, во состав: Даниела Николова и Марија Петрушевска, ќе положи венец свежо цвеќе. (Споменик на Методија Андонов-Ченто, Плоштад „Македонија“/09:00; Споменик на АСНОМ, Парк „Жена борец“/09:15; Споменик на Никола Карев, пред Собранието/09:20; интонирање на химната; обраќање на претседателот на Собранието, Талат Џафери; културно-уметничка програма) Скопје - Владина делегација предводена од министерот за здравство Венко Филипче, заедно со министерката за образование и наука Мила Царовска и заменик-министерот за правда Агим Нухиу ќе учествува во одбележувањето во Скопје.

Скопје - Делегации од Кабинетот на Претседателот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов – Ченто, на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“ и на споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија.

Пелинце - Претседателот на Владата Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе положи свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар АСНОМ. (Меморијален центар на АСНОМ/09:45/обраќање на претседателот Владата Зоран Заев и завршен дел од културно-уметничката програма).

Пелинце - Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Горан Мисовски, во состав Мирослав Јовановиќ, Лидија Тасевска и Бране Петрушевски, ќе положи венец свежо цвеќе во Пелинце (Меморијален центар АСНОМ/10:00) Пелинце - Делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ. Крушево - Претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува на панихида за загинатите Илинденци во црквата „Св. Никола“, ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и ќе присуствува на програма подготвена од баталјонот за почести на Армијата пред споменикот „Македониум“. Пендаровски ќе ги предводи делегациите на полагањето свежо цвеќе и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“.(10:20) Крушево - Собраниска делегација, предводена од потпретседателот Фадил Зендели, во состав Илија Николовски, Љупчо Балковски и Петар Ристески, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево. (Гроб на Никола Карев, Македониум/11:30; Споменикот на Слива „На хероите на Слива“/ 12:15; „Мечкин Камен“/18:00) Крушево - Владина делегација во состав министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерот за локална самоуправа Горан Милески, и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани ќе положат свежо цвеќе во Крушево. Крушево - Централна свеченост која ќе започне со полагање свежо цвеќе од претседателот Пендаровски и бројни делегации пред споменикот на Мечкин Камен и културно-уметничка програма на која ќе настапат Ансамблот за македонски народни игри и песни „Танец“, Ансамблот на албански народни ора и песни, Влатко Стефановски и настап на воениот оркестар на Армијата и пригодна реч на Никола Ристановски со пораки за Илинден. (Мечкин камен/18:00) Крушево - Владината делегација на централната свеченост че ја предводи премиерот Зоран Заев, придружуван од првиот заменик-претседател во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. (Мечкин камен/18:00) Смилево - Делегација од Кабинетот на претседателот ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Даме Груев, на Могилата на Даме Груев, како и на Споменикот на смилевските илинденци и на Спомен-плочата на партизанскиот одред „Даме Груев“. Смилево - Делегација на Владата предводена од заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање  Христина Оџаклиеска ќе положат цвеќе (могилата Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци и спомен плочата на Смилевскиот партизански одред/09:00) Струга - Делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод одбележување на 2 Август - Денот на Републикатаќе биде присутна во село Ташмаруништа, а Мицкоски ќе одржи говор на настанот. (11:00) Скопје - Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски ќе учествува во одбележувањето во Скопје. Пелинце - Делегацијата предводена од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ќе положи цвеќе пред Меморијалниот центар „АСНОМ“. Крушево - Делегација предводена од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ќе положи цвеќе. (гробот на Никола Карев комплекс „Македониум“/11:30; споменикот на месноста „Слива“/12:15; изјава за медиуми на месноста Мечкин Камен/13:15) Битола - Традиционална 50-та јубилејна Светска Македонска Иселеничка Средба Трново 2021 и 41 Погранична Средба на Македонците од Егејскиот дел на земјава. (дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново/10:30-12:30) ________________________________________________________________________ МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини          

Остани поврзан