• понеделник, 10 јуни 2024
МИА Најави МКД
1 октомври 2020 Скопје - Седница на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство. (Собрание на РСМ, сала „Борис Трајковски“/11:00) Скопје - Претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за образование и наука  Мила Царовска, придружени од градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе се обратат по повод првиот училиштен ден. (во ОУ „Јан Амос Коменски“, Карпош/9:00, изјави за медиумите во 9:45) Скопје - Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, придружуван од претсавници на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ја посети фабриката „Бако Нутс“. (во индустриската зона „Качанички пат“/13:00, по посетата изјави за медиумите) Скопје - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе се обрати на свеченоста по повод отпочнувањето на новата академска студиска 2020/2021 година на Факултетот за безбедност. (на стадионот на Факултетот/13:00) Скопје - Средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со претставниците на членките на Македонска банкарска асоцијација. (х. „Мериот“, сала 1/11:00)

Скопје - Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе се обрати на конференцијатаТрадиционална средба со превозници“, во организација на МАКАМ–Транс. (х. „Белви“/12:00)

Скопје - Министерката за образование Мила Царовска ќе има поздравно обраќање пред студентите запишани во прва година во учебната 2020/2021 година на Филозофскиот факултет. (на платото пред Факултетот/12:30) Скопје - Прв академски час за новата генерација студенти запишани на студиските програми на Правниот факултет „Јустинијан Први“. (на платото пред Факултетот/11:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе ги посети седумте основни училишта и на сите првачиња ќе им посака успешен старт на новата учебна година. (изјава за медиумите во ОУ „Живко Брајковски“/10:00)

Велес - ЦИВИЛ како дел од Зелениот караван организира работилница во Општина Велес. (простории на Општината/11:00)

Скопје -  Прес-конференција на организаторите на Виз Ер Скопски маратон на која ќе се обратат заменик директорот на Агенција за млади и спорт, Измит Нура и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов. (на терасата на х. „Парк“/12:00)  Скопје - Отворање на изложба на фотографии „Таму“ од Милчо Манчевски, а притоа ќе биде промовирана и книга фотографии под ист наслов. (Музеј на современата уметност/20:00) Скопје - Концерт „Шпански танц“ на Филхармонијата. (20:00) __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан