• петок, 22 ноември 2024
МИА Најави МКД
10 мај 2022  Скопје -  Собранието на Р. Северна Македонија ќе ја одржи 71-та седница. (Голема сала/11:00) Скопје - Сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг ќе престојува во еднодневна посета на Република Северна Македонија:

- пристигнување пред МНР (09:00-09:05)

ет-а-тет средба меѓу министрите Османи и Шаленберг. (09:05-09:25)

аедничка прес-конференција. (09:25-09:45)

Скопје - Министерката за одбрана Славјанка Петровска ќе се обрати на научно-стручната трибина „Три децении Армија, три децении воено образование, научени лекции, реалност и перспективи“. (Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“, ул.Васко Каранѓелевски б.б. касарна „Гоце Делчев“/10:00, пристигнување на медиуми/09:45) Скопје - Прес-конференција на министерот за правда Никола Тупанчески. (Министерство за правда/10:30) Скопје - Прес-конференција на Комора на сметководители. (Парк Жена-борец, наспроти зградата на Собранието на Македонија/12:00) Скопје - Промоција на Алијанса за родова еднаквост на работното место. (Mosh Bar and Food/10:45) Скопје - Презентација на првата мијаваки шума (мали урбани шуми кои даваат три пати повеќе зеленило од вообичаените насади), донација на невладината организација „Зелена планета за сите“. (Институт за патофизилогија и нуклеарна медицина при УКИМ Медицински факултет/11:30)

Скопје - Институтот за човекови права во рамки на проектот „Заштита од дискриминација, булинг и говор на омраза“ поддржан од Германска амбасада во Скопје ќе ги презентира финалната анализа и истражувањата од анкетите спроведени меѓу учениците во средните училишта на Град Скопје на тема „Говор на омраза, врсничко насилство (булинг) и дискриминација“. (х.„Александар Палас“/11:00, изјави за медиуми/10:45)

Скопје - Промоција на книгата „Инспирирај се за промени“ од Радмила Костова-Мила и Иван Лапчевиќ. („Ист гејт мол“„ во Литература.мк суперстор“/19:00) Скопје - Отворање на изложбата „Геолошки пресек 2“ на Давид Атанасоски. (Културно-Информативен Центар, Империјал 1/20:00)   ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***  

 

Остани поврзан