• вторник, 26 ноември 2024
МИА Најави МКД
15 мај 2020  Скопје - Заменик - претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор за распределба на странска помош во земјава, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џафероски, австрискиот амбасадор Георг Вуцас, полициското аташе во амбасадата, Фридрих Хофбауер и конзулот Лукас Бахмаер ќе присуствуваат на примопредавање на донацијата, која Република Австрија преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ ја обезбеди за земјава како поддршка во борбата против Ковид-19. (касарната „Гоце Делчев“ во општина Аеродром / 12:00)  Скопје - Дополнителниот заменик - министер за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски ќе даде изјава за медиуми. (пред МИОА / 11:00) 

Скопје - Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ја одржи 30-тата седница. (10:00, не се предвидени изјави за медиуми)

Скопје - Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе даде изјава во пресрет на почетокот на активностите за изведба на новиот зелен и спортско – рекреативен центар во Карпош 3. (ОУ„Лазо Трповски“,  ул.„Радика“ бр. 9, Општина Карпош / 10:00) Скопје - Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски ќе донира компјутери за учениците во  ОУ „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2. (изјава за медиуми / 11:00) Скопје - Здружението „Добредојдовте“, Македонија Велхам центар пред „Родителската куќа“ наменета за родители чии деца подолго време се лекуваат во болница, ќе донира медицинска опрема наменета за потребите на децата од Универзитетска Клиника за детски болести во периодот на пандемија предизвикан од Ковид-19. (13:00) Скопје - Пуштање на Дигиталната платформа, Временска банка која ја изработи Здружението на граѓани „Младите можат“ преку креатонот на Фондот за иновации и технолошки развој. Скопје - Прес-конференција на претседателката на Одделот за економија при Алијанса за Албанците, Илире Даути. (12:00) Скопје - Онлајн предавање на тема „16 Мај – Ден на ромскиот отпор во Аушвиц, жените и нивната улога во нацистичките кампови“ во организација на Ромската асоцијација за жени и млади „Лулуди“. (Платформа Zoom / 16:00)  Скопје - Претставата „Огнени јазици“ од Горан Стефановски, а во режија на Слободан Унковски ќе биде прикажана на Јутјуб каналот на Драмски театар Скопје. (20:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан