• недела, 22 декември 2024
МИА Најави МКД
8 јуни 2022 Скопје - Собрание на Република Северна Македонија  ќе ја одржи 74-тата седница. (Сала „Македонија“/11:00) Скопје - Презентација на приоритетите на Интерпартиската парламентарна група за заштита на природата и борба против загадувањето и климатските промени (Зелена група) пред донаторската заедница и странските дипломатски претставништа. (Сала на Уставна комисија/10:00) Охрид -  Самит на Отворен Балкан: -Обраќања на  пемиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Албанија Еди Рама, како и на претседателот на Србија Александар Вучиќ (х.„Метропол“/10.00, линкови за следење во живо:   -Вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро Фурхи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ ќе присуствуваат на првата панел сесија на тема „Отворен Балкан отвора туризам“. (х. „Метропол“, и на Open Balkan Summit in Ohrid Opening sessions (MK) /11:00) -Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, со Елва Маргарити, министерка за култура на Албанија и Маја Гојковиќ, вицепремиерка и министерка за култура и информирање на Србија ќе присуствуваат на панел сесијата на тема „Отворен Балкан отвора култура“. (х.„Метропол“ и на Open Balkan Summit in Ohrid Opening sessions (MK) 12:45) -Потпишувањето меморандуми за соработка и прес-конференција на лидерите. (х.„Метропол“, 14:30, линкови за следење во живо:Open Balkan Summit in Ohrid Leaders Press conference (MK)   Охрид - Деветто издание на Меѓународниот конгрес за квалитет и безбедност на храна, здравје и нутриционизам, хигиенско инженерство и дизајн - NUTRICON 2022  и прво издание на Меѓународниот конгрес за економски науки ECONOMICON 2022 во соработка со Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн (EDEDG) и Иницијативата за глобална хармонизација (GHI). (х.„Јуник“/9:30, изјави за медиуми/11:00-11:30) Скопје - Осумнаесетти јавен состанок на Агенцијата за пошти. (х.„Солун”, конференциска сала/11:00) Скопје - Амбасадата на Република Словенија, Општина Гази Баба и Земјоделски институт - Скопје организираат настан за чистење на природно рекреативниот дел (парк шумата) во општина Гази Баба - Скопје, насловен  „Пријателство со природата, пријателство меѓу државите и децата – заштита на природата, храната и животната средина“. (9:00) Скопје -  Брифинг за новинари на тема социјално претпримништво. (Центар за социјални претпријатија, кај Меморијален дом на Мајка Тереза во дворот на АРМ/9.30) Тетово - Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги ќе одржи прес-конференција. (Пред просториите на Управата за водење на матични книги/12:00)

Свети Николе - Промоција на новата книга на Филозофскиот факултет во Скопје „Пајонија и пајонците  извори, историја и археологија“. („ОУ Народен Музеј-Свети Николе“/10:00)

Скопје - Промоција на зборникот „Филозофија и филм“ (“Philosophy and Film”, Conference Proceedings) во рамките на 12. Филозофски филмски фестивал. (Културно информативен центар/17:00) Скопје - Промоција на култната книга за  деца „Бушава азбука“ од Горан Стефановски и Душан Петричиќ. (Култ парк пред КИЦ/19:19) Загреб - Во рамки на 39. издание на интернационалниот фестивал „Недела на современ танц" во Загреб, ќе се изведат две кореографии на Скопје танцовиот театар, „Outline" на Дејан Битривски, во која настапува Анастасија Данчевска и „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска. (Сцена на „Загребачки плесни центар“/20:00) Скопје - Меѓународна патувачка изложба создадена од страна на Културниот центар Габ Титуи од Австралија, во соработка со Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, Националнот музеј на Австралија и Амбасадата на Австралија во Белград насловена „Еволуција: маските од теснецот Торес“. (Објект Мала станица/18:00) Скопје - Отворање изложба на фотографот Дејан Колевски. (Галерија Рудиќ/20:00) Битола - 13. реприза на претставата ТРИ-прва професионална претстава на знаковен јазик посветена на заштитата на животната средина во продукција на АТО - Центар за современа уметност и култура од Битола. (Центар за култура, голема сцена/11:00) Скопје - Работилница на Караѓоз мајсторот Џемал Фатих Полат од Турција, каде децата ќе имаат  можност да ги применат традиционалните техники за изработка на Караѓоз кукли за сенки на 9-от  Интернационален детски фестивал на театар на сенки. (МКЦ/18:00) -Премиерна изведба на претставата „Колку е часот“ од организаторот на фестивалот Театар „Сенки и облаци”. (МКЦ/19:00) Скопје - Манифестација „Денови на спорт на младите во општина Илинден”, на кои ќе се натпреваруваат учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден”. (На отвореното игралиште и во спортската сала во ООУ „Ристо Крле“, Кадино/11:00) ————————————————————————————————————————— ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан