• сабота, 18 мај 2024

МИА Најави МКД

МИА Најави МКД
23 мај 2022 Ватикан/Рим - Делегација на Република Северна Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски во посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј - 24 Мај. Скопје - Собранието на Република Северна Македонија ќе одржи продолжение на 71. седница. (11.00) Скопје - Седница на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците. (сала 4/12.00) Скопје - Во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација  на Српската Православна Црква предводена од неговата светост, српскиот патријарх г. г. Порфириј. Скопје - Конференција „Високи надежи и големи падови: ставови на граѓаните и граѓанските организации и ефекти од секторските работни групи“ во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“. (Платформа зум https://us06web.zoom.us/j/85705093528#success/ 11:30) Скопје - Отворање на ИНО ФАБ ЛАБ, првата Фаб Лаб лабораторија во земјава, која се основа со поддршка од Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на  проектот „Предизвикот за воспоставување на лаборатории за производство FAB LABS – Младите создаваат”. (Технолошко-металуршки Факултет во Скопје/ 12:00) Велес - Националната федерација на фармери организира Саем на производи на лица со попреченост од рурални средини. (плато пред Народен театар Велес/10.00) Скопје - Прес-конференција на Независниот синдикат на управа за водење матични книги  при Конфедерацијата на синдикални организации. (пред Управа за водење матични книги/ 11:30) Скопје - Манифестација „Цртање на асфалт” со деца од градинките по повод Денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј. (На ПЛОЧНИК, во центар позади Соборен храм/ 10:30) Скопје - Хрватскиот поет Валерио Орлиќ, кој е почесен претседател на Хрватското книжевно здружение, ќе ја промовира најновата збирка поезија „Љубов распослана по морето”, во рамки на големата турнеја во Северна Македонија, Албанија и Хрватска (Музеј на македонската борба, во објектот  „Порта Македонија”/12:00) ___________________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***      

Остани поврзан