• недела, 24 ноември 2024
МИА Најави - МКД
11 ноември 2021 Скопје – Седница на Собранието на Република Северна Македонија. (Голема сала/ 11:00)  Скопје – Брифинг на Фрек Јанмаат, шеф на економскиот оддел во Делегацијата на Европската Унија во врска со економските предвидувања за Северна Македонија - есен 2021, изработени од Европската Комисија. (Европска куќа/ 10:15)  Скопје – Заедничката прес-конференција на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски и Јанез Копач, директор на Секретаријатот на Енергетската Заедница. (РКЕ, ул. „Македонија“ бр. 25, палата „Лазар Поп-Трајков“, кат 6/ 15:30)  Скопје – Брифинг за медиуми на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. (сала за состаноци на Градоначалникот/ 12:00)  Скопје – Промоција на збирката студентски преводи „Проект Достоевски 200 години“ по повод 200 години од раѓањето на еден од најпознатите руски писатели од 19-иот век - Фјодор Михајлович Достоевски во организација на Катедрата за славистика на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и Рускиот центар при УКИМ. (на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/j/8334083242... / 11:00)  Скопје – Експо Саем на програмата Млади градови во Република Северна Македонија. (х. „Хилтон“/ 18:00)  Скопје – Вебинар на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на тема „Психолошката состојба на новинарите по известувањето од кризи“. (на платформата ZOOM, https://us02web.zoom.us/.../tZErfumtpjssH92qE0PcKiDu07cgN /10:00)  Скопје – Концерт на оркестарот на Филхармонија со пијанистката Јеол Еум Сон, од Јужна Кореја. (Филхармонија/ 20:00)  Истанбул – Концерт на трио „Балкан ашк“ (Балканска љубов). (Македонскиот културен центар во Истанбул/ 18:00)  Скопје – Промоција на изданија на Институтот за македонска литература, годинешен добитник на високото признание, наградата 13 Ноември на град Скопје. (МНТ, мала сцена/ 19:00)  Скопје – Промоција на првата прозна книга „Никогаш не кажувам“ на Синоличка Трпкова. (Книжарница „Literatura.mk Superstore“ во „Скопје сити мол“/ 19:00)  Скопје – Промоција на книгата „Октомвриски фестивали на народни игри и песни во Битола, Штип и Скопје (1947 – 1952)“ на доц. д-р Наташа Диденко која ќе се одржи во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021. (Музеј на македонската борба/ 12:00)  Скопје – Промоција на книгата: „Музичката култура во античка Грција“ од авторот проф. д-р Сунај Раими. (Институт за духовно и културно наследство на Албанците, сала Вилсон/ 12:00)  Скопје – Самостојна изложба на скулптури на Филип Цакоски. (во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“, во новиот мал салон - сутерен на Галерија „КО-РА“/ 12:00)  Скопје – Отворање на изложбата „Сеќавања“ на уметникот Бурим Муфтиу. („Чифте амам“/ 19:00) Солун – „Ко + егзистенција, со + чувство“ изложба на Мице Јанкуловски и Јоргос Ксенос. (Лола Николау галерија, ул. „Цимиски“ 52/ 17:00-21:00) Скопје – Култренинг работилница за кореографија и танц со Александар Георгиев заедно со Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас. (МКЦ, @Мандолински оркестар/ 11:00-12:30)   __________________________________________________________________ ***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Остани поврзан